Здружението за заштита на животни Анима Мунди, заедно со ресторанот Амигос, во недела, 4-ти март, организираат хуманитарна акција и забава со цел да им се помогне на уличните животни.
„Дојдете да се дружиме, забавуваме и заеднички да им помогнеме на животните. Секоја донација ќе значи многу, а Амигос ќе донира дел од средствата од продажба на храната и пијалоците на оваa забава и во текот на целиот ден“, велат организаторите.
Хуманитарната акција ќе трае во текот на целиот ден, а забавата со Dj Vuk ќе започне во 20 часот.