Мрдни со прст и повеќе македонски дизајнери се соединија во заедничка акција со цел да им помогнат на сограѓаните кои ја немаат можноста да уживаат во топла зимска облека. Резултатот од оваа соработка е ревија со намера да се собере користена зимска облека за луѓето на кои им е најпотребна.
15 македонски модни дизајнери во среда (31 декември), во МКЦ, со почеток од 20 часот, ќе ги претстават нивните креации со користена облека на која и дадоа нов лик.
Меѓу другите, на оваа акција досега се приклучија и Никола Булевски, Ирина Тошева, Иван Петрушевски, Никола Ефтимов и Горан Костовски Индог.
Влезницата се „плаќа“ донирајќи парче зимска облека.