Утре во 20 часот, во НЛБ Галеријата ќе биде отворена хуманитарна продажна изложба на дела од повеќе реномирани македонски автори.
Организатори на изложбата се Анти-канцер здружението „Животна искра“ и семејството Апостолови. Сите средства собрани во кутиите за донации и од продажбата на уметничките дела ќе бидат наменети за поддршка на Анти-канцер здружението „Животна искра“.
Изложбата како и кутиите за донација ќе останат во НЛБ Галеријата се до 31 август кога ќе биде и свечено затворање.