Деновиве се појавија повеќе хуманитарни акции и апели за донирање училишен прибор пред новата учебна година, и тоа во повеќе градови. Од неодамна со своја иницијатива се приклучи и невладината Легис во Скопје.
„Образованието е иднината на нашите деца. Почетокот на училишната година е посебно радосен момент на секое дете. Да се погрижиме да се подготват за на училиште и оние деца кои немаат можност. Да донираме школски прибор и ранци за да бидат еднакви со останатите ученици“, стои во нивниот апел.
Донациите од моливи, гумички, боички, фломастери, ранци и слично може да се достават во просториите на Легис, а за донирање финансиски средства е отворена жиро сметката:
Стопанска Банка АД Скопје, 200002991657502
Или онлајн на следниот ЛИНК.
Слични акции веќе започнаа поединци и организации во Скопје, Гостивар и Тетово.