Овој петок во 18 часот на Плоштадот Магнолија во Битола ќе се одржи собир во солидарност со Русија каде изминативе недели има силни пожари. Ова всушност е и првиот собир на Fridays for Future во Битола, на кој ќе се дискутира за актуелната стратегија за справување со климатските промени.
„Во поглед на актуелните пожари во Сибир, придружете ни се на заедничката демонстрација на солидарност и поддршка за надминување на еколошката, хуманитарната и светската криза. Да покажеме дека како битолчани се грижиме за животната средина на секој начин“, стои во најавата на настанот.
Претходно, ваков собир најави и скопското Fridays for Future, во петок во 17 часот пред Влада.