Nëse doni të lexoni tekstin në gjuhën shqipe, shtypni “Shqip” / За текстот на албански јазик кликнете „Shqip“
-
Независна култура, слободно изразување и отворен простор за секој во време кога речиси сè е приватизирано и обременето со потребата од создавање профит – ова отприлика е идејата за еден автономен културен центар. Таа тлееше со години сè до основањето на Автономниот културен и социјален центар – АКСЦ во Скопје пред 6 години. Иако тој не функционира повеќе, беше меѓу првите обиди да се популаризира еден ваков простор. По него се појавија „Кула“, „Дуња“, „Артикултура“ во Битола, а од неодамна и Социјалниот културен простор во Тетово. Но, изнаоѓањето финансии е најголем непријател на идеја чија цел не е правење кеш.
Младиот тетовец Таулант Салихи одамна посакувал во неговиот град да има независен културен центар. Како што вели – полесно е да се каже што му треба на градот, отколку да се набројат сите работи што му недостасуваат. Тој пред само неколку дена се врати од Тирана, Албанија, каде учествуваше во здружена акција организирана од бриселскиот независен колектив Тoestand каде од фабрика за трактори направиле социјален центар за млади.
Ова не е првпат Салихи да учествува во проект на бриселскиот колектив. Пред речиси три години, го посетил автономниот културен центар Термокис во Приштина, кој настанал како проект на белгиските волонтери. Нивната идеја е доброволно помагање во реставрација на напуштени и нефунксионални јавни простори во маргинализирани средини, или пак во градови каде отсуствуваат социјални и рекреативни центри.
Искуството и познанствата, Салихи решил да ги пренесе и во својот град. Заедно со белгиските и косовските волонтери во јули минатата година успеале за една недела да го создадат Социјалниот културен простор во Тетово. Центарот денес располага со две простории – „Skatova”, во улога на скромен скејт парк и објектот на поранешната радиостаница на градот.
„Центарот се користи за секаков вид на културни настани, од изложби, до префроманси и различни креативни работилнци, дикскусии, се до забави и спонтани средби. Како додатен производ го имаме и онлајн радиото на Центарот кое симболично го носи името на поранешната радиостаница на градот. Центарот како таков, е отворен за сите кои имаат потреба и желба за да изведат некоја идеја во прилог на општеството, а кои за тоа ја немаат соодветната поддршка или можност“, ни објасни Салихи.
Сепак, за логистиката и бирократиите најмногу им помогнале од локалната невладина Democracy Lab. Се изненадиле од позитивниот став на локалните власти кога им дозволиле да ги користат просториите. Но, според Салихи, ова се должи само поради интернационалниот карактер на проектот.
„Верувам дека математиката на локалните, па и централните власти треба да се подобри. Наместо капиталистичката траума на профит која ја наследуваме и негуваме речиси три децении, треба да се согледаат и моралните придобивки на поседувањето капитал, кој е и случај со ваквите јавни простории. Наместо да се издаваат за неефективни суми, преку давање во употреба на млади (а не нужно само на млади, нека биде тоа граѓански) автономни колективи, придобивките за менталното и духовното здравје на општеството ќе бидаат бесценето поголеми и видливи“, смета Салихи.
Според него, ако државата сака да биде социјална, тогаш мора да го поттикнува волонтерскиот активизам.
„Формули како се прави тоа има многу низ светот, а нема причина зошто и да не се создаваат нови, како субвенции, ослободување од даноци, различни форми на почести, и многу други форми на поттикнување, со кои до некаде би се променила алчноста за профит во алчност за општествена одговорност и продуктивност“, вели тој.
Нивниот колектив брои 20-тина активни членови. На волонтерска база се собираат еднаш неделно за да ги испланираат активностите во просторот. Собрани се од различни сфери и возрасти. Според Салихи, тоа се поединци кои имаат желба да дадат многу повеќе од своето време за Центарот, за општото добро.
„Изгледа сите што некогаш во животот ја почуствувале потребата за вакви центри се тука“, забележа тој.
Во 2016 година, пак, на „Рајко Жинзифов“ бр.22 во Скопје се доселува колективот на социјалниот центар „Дуња“. Го носи името на Невена Георгиевска -првата жена партизан во македонските партизански одреди и член на младинското, синдикалното и работничкото движење меѓу двете светски војни.
Добар дел од колективот на „Дуња“ веќе имаат искуство од АКСЦ, па решаваат да ја продолжат каузата. Овој пат, се приклучува тогашниот состав на левичарското движење Солидарност, младинската организација Мугра и Самостојниот синдикат на новинари на Македонија – ССНМ.
Просторот често е домаќин на концерти на панкери и хард кор металци, а служи и за отворени дискусии, филмски проекции и бесплатен базар. Пред две години беше и засолниште за бездомните лица во најстудените денови.
„Јавните простори сè повеќе се приватизираат. Битно е да има простор кој ќе биде отворен за сите и нема да биде комерцијален и битно е да се промовира солидарноста во општеството. Исто така, живееме во свет на отуѓување, луѓето се мотивирани да гледаат само пред себе и се натпреваруваат меѓу себе, полека си стануваме непријатели и ние сакаме тоа да го сопреме“, вели Никола Штериов, активен член на колективот.
„Одев и снимав 30 простории со камера што ги барав по огласи“, се потсетува тој на почетоците.
„Дуња беше најпоследниот што го најдов и им го покажав на Солидарност. Веднаш се заљубија и дури следниот ден отидоа да го видат самите. Си рековме „ова е местото“. Имаше сè, локација, доволно простор, добра цена и дворче. Плус, горе имаше простор за канцеларии за дополнително луѓе да дојдат со нас, да правиме нешто заедничко“.
Уште во првата година од постоењето, „Дуња“ стана препознатлива меѓу младите, но со текот на времето тој интерес опаднал. Според Штериов, причината за тоа е што тие не се комерцијални.
„Имаш комбинација на сиромашно население и мало место. Сепак, не сме комерцијални, не се промовираме за да стигне зборот за нас до многу луѓе. Можеби понекогаш од тие причини не сме многу „кул“, иако правиме нешто што сметаме дека ќе придонесе за создавање на еден подобар свет“, вели тој.
За да немаат проблеми со соседите поради гласната музика морале да направат компромис. Вовеле правило свирки да има само во петок и сабота до 11 часот.
„Нашите комшии немаат недоразбирање за нас како идеја. Односот оди од индеферентност, до „браво дечки, супер сте“. Таму каде што сме имале негативни реакции е само кога сме правиле гласна журка до доцна. Само тогаш сме имале проблеми со соседите и полицијата. И јас тоа го разбирам. Од една страна, нам тие журки ни се начин за собирање средства, но од друга страна, ние сме во централно градско подрачје, сега веќе опколени со згради од сите страни. До нас имаше куќа до пред две години, сега е зграда. Опколени сме со работници, кои треба да станат рано наутро“, вели Штериов.
Но, за „Дуња“ најголем проблем се всушност финансиите. Средствата првично доаѓале преку проектите на организациите, а сега се целосно независни црпејќи ги последните заштеди од донациите на посетителите. Но, тоа не е доволно за подмирување на трошоците за кирија, сметки и организирање настан. Затоа, есента тие започнаа онлајн кампања на „Гоу фанд ми“ за собирање средства. Цената која им е потребна е 6000 евра, но досега собрале речиси 1500. Ја овозможиле и опцијата организации и културни работници да изнајмуваат простории во нивната куќа, но и тоа не поминало.
„Во оваа ситуација немаме многу финансии и ни истекуваат. Има за уште некој месец. Прашање на време е уште колку ќе бидеме самоодржливи кога се работи за изнајмување простор“, истакна Штериов.
Во слична ситуација се нашле и дечките од „Кула“. Друг колектив од Скопје, но со речиси иста замисла како на „Дуња“. Тие се појавуваат малку порано, во 2014 година кога од „Галерија 7“ во Скопска чаршија се селат во објектот на поранешна кафеана, кај паркингот на „Холидеј ин“. Со минимални преуредувања се создаде место каде сликарите, ракотворците и музичарите можеа да ја промовираат својата уметност.
Овој простор беше активен две и пол години и во тој краток временски период во „Кула“ се организирале повеќе од 350 настани, вели еден од неговите основачи Ертунџ Сали. Тие веќе имале искуство од организирање на настани преку нивниот фестивал „Под земја полесно се дише“ коj се одржува веќе 6 години.
„На почетокот викавме дека не е ни важна Кула, после некое време другите луѓе ја направија да биде важна… откако се затвори. До ден денес ти доаѓаат луѓе и викаат: „Вие сте луди, како го затворивте тој простор. Партали беше, можевте многу да направите“, вели тој.
Сепак, двигатели на културниот центар центар се самите луѓе за кој постои тој центар смета Сали.
„Културен центар не се отвора за да правиш кеш, туку за луѓето да може да уживаат во некои културни настани. Да се запознаат со нови уметници, со артисти, музичари, да имаат простор каде ќе може да разговараат за некои теми кои не може да ги разговараат во секојдневието со секој човек, или да прават дебати, било формално или неформално. Или чисто онака за дружење. Немам каде да одам, ќе дојдам тука“, истакна тој.
И тие имале проблеми со финансирањето. Се снаоѓале со донации од посетителите и грант од Холандската амбасада. Но, она по коешто Сали ќе ја препознава „Кула“ е енергијата со која зрачел овој простор.
„Значи, 5 минути до 12 има за да се случи настанот, уште не си спремен, звучниците и други технички работи не се решени и ти во рок од тие 5 минути треба да трчаш. Претходно си бил „а бе има уште време, седи, дај ќе пиеме уште едно кафе“. И на крај, кога ќе дојде време, сè се случува наеднаш. Тогаш гледаш дека сите проблеми што претходно си ги поминал е решено, затоа што имаш доволно бројка на луѓе, затоа што секој си имаше своја обврска“, раскажува тој.
Една таква случка по којашто ќе ја памети „Кула“ е настапот на американскиот бенд Даикаиџу.
„Бев на работа , околу 1 ми се јави другар и ми вика: ‘Има еден бенд, вчера настапија во Битола и денес има слободен ден. Ќе поминат низ Скопје. Место да одат накај Белград и да не прават ништо, може ли да свират во „Кула“. За кога? За денес’, ми вели тој“, почна да раскажува Сали.
„Тие свират сурф рокенрол. Настапуваат со маски. Самиот тапанар е шоумен. Им кажа на луѓето да го кренат заедно со целиот сет за тапани. 15 луѓе го држеа и на крај фрли бензин на чинелите, ги запали и продолжи да свири. Внатре во „Кула“ тоа се случува и ти како организатор си викаш „сите греди ќе се запалат сега, ќе имаме пожар“. Среќа ништо не се случи, сите што беа на тој настан си поминаа одлично. Беше прелудо.“
Ако нема култура, нема ни млади
Пријателот со кој зборувал Сали ден пред концертот на „Даикаиџу“ е Бојан Станиќ, од „Артикултура“ во Битола“ – мал културен центар што го создадоа група ентузијасти пред две години. Со малку пари, но многу труд и љубов тие трансформираа старо книговодствено биро во заедница. Причината за да го направат тоа, вели Станиќ, е ,,официјалната” културна понуда во градот која не нуди скоро ништо за младите.
„Тргнувам и од себе, иако 90% од културните активности ми се фокусирани на Битола, јас последните 6 години практично живеам во Скопје, најмногу поради ова“, посочи тој.
„Не можам да зборувам од името на сите, но за мене тоа што недостасува, а воедно и причината поради која се вклучив, е градење простор со јасни идеи и културна политика, необременет од профитабилноста на одреден уметнички израз. Накратко, простор каде што било кој, а пред сè младите, ќе можат да прават што и да им паѓа напамет, без да се замараат дали тоа што го прават добро се продава. Исто мислам дека running idea кај многу од членовите беше и да се создаде место за промоција конкретно на авторска музика, наспроти моменталната културна понуда на градот каде преовладуваaт тезга-свирките“, вели Станиќ.
За 8 месеци постоење, организирале концерти со над 60 авторски изведувачи од 13 различни држави. Поддршката на почетокот била огромна – кој помагал со оспособување на просторот, а кој со донирање материјали.
„На денот на отворањето посетеноста беше многу поголема од најдарежливите предвидувања кои било кој од нас можеше да ги има. Внатре, надвор, соседните улички, сè беше преполно со луѓе, атмосферата на сите ни беше надреална“, се потсетува Станиќ.
Но, дошла есента, а со тоа и голем број луѓе си заминале од Битола, претежно младите кои студираат во Скопје. Ова, според Станиќ, е еден од проблемите кои подоцна резултирале со затворање на „Артикултура“. Тука се појавува повторно и проблемот со финансиите.
„Артикултура, иако се однесуваше како културен центар, на хартија беше кафич, така што финансиите доаѓаа пред сè од шанкот, со тоа што измислувавме работи како стикери за поддршка и слични форми на донација кога имавме настани. И секако, многу работи плаќавме од свој џеб, дел како членарина за учество во задругата (годишна членарина изнесуваше 60 евра), а доволно често дававме и плус пари по потреба“, забележа тој.
За да ја задржат независноста тие одбивале да аплицираат на проекти, но за да опстојат се пријавиле на повикот на Министерството за култура. Со тоа сакале да им се одолжат на артистите кои ги поддржувале настапувајќи за речиси беспари.
„Таа сага заврши со одобрување на вртоглави 60 евра по настан од страна на Министерството за култура, кои секако ги одбивме. Како реакција, наредната година организиравме ,,Битолско некултурно лето”, антипод на општинското Битолско културно лето, каде организиравме настани на јавни површини низ градот, финансирани од продажбата на маици со натпис Некултурен/Некултурна. Пошто ако не нè поддржуваат институциите задолжени за култура, мора да сме некултурни, не?“, вели Станиќ.
Автономните културни центри го ослободуваат јавниот простор
Убавината на постоењето на „Артикултура“ е во тоа што граѓаните ја сфатиле вредноста на слободниот простор, па сега се заинтересирани да ја продолжат приказната, смета Станиќ.
„Да, можда не успеавме да одржиме бизнис кој кошташе 2000 евра месечно во кирија, режиски трошоци и плати за вработените во шанкот, ама затоа сметам дека поставивме основа и го трасиравме патот за било кој следен подвиг од овој тип и, ако ништо друго, барем покажавме дека на младите од Битола им е насушно потребен слободен простор во кој ќе можат да се изразат“, вели тој.
Станиќ се надева дека ова е лекција за младите да не чекаат ништо од никого, туку да ги земат работите во свои раце.
„Сепак, иако децентрализацијата е ненормално многу потребна, јас не очекувам дека било што такво ќе се добие од центрите на моќ, па затоа сметам дека мора да почнеме самите да мислиме и да работиме на ослободување на простор, од нас, за нас. До тогаш, тие 8 месеци „Артикултура“ ќе си ги носиме со нас како едни од најслободните моменти на кои им посведочила Битола“, заклучи тој.
На ова се надоврзува и Сали од „Кула“, кој посакува да се врати времето кога луѓе самоиницијативно организирале концерти низ градот.
„Сакам да има млади луѓе кои стварно би сакале да прават нешто“, вели тој.
За Штериов, пак, искуството е меч со две острици.
„Од една страна треба ангажман, тоа не е проста работа, треба многу да се ангажираш за такво нешто да опстои. Знае да биде заморно понекогаш. Од друга страна, ти дава чувство на задоволство кога ќе видиш одредени резултати. Понекогаш се јавува чувството „зошто го правам ова“, нормално. Знам дека вечерва би можел да правам нешто што ќе ми донесе повеќе средства, но резултатите не се толку невидливи, се гледаат. Честопати луѓе ќе кажат „супер е ова што го правите, не треба да исчезне вакво нешто, вакво место е потребно“. Сме имале доста акции кои довеле до конкретни резултати кои јас ги гледам како нешто што придонело навистина кон подобрување на општеството. Јас сум задоволен и малце уморен. Но, дефинитивно вреди“, вели тој.
За дечките од Социјалниот културен простор во Тетово било значајно да ја зачуваат автономијата и да се заштитат од надворешни мешања во нивната визија за просторот. Па затоа, претежно се самофинансираат или преку донации. Но, и тогаш гледаат тоа да не биде во конфликт со нивните вредности на самоодлучување.
„Многу сегменти се потребни за долгорочното одржување и опстојување на ваквите центри, а најважното е моралниот детал. Секако тој треба да биде вклучен во општата култура, а тоа е сепак спор процес, особено во општества кои се наоѓаат во ваков временски период и простор, како што се државите од нашиот регион. Сепак, верувам дека со малку повеќе искреност и добра волја, за која нема сомнеж дека го има во луѓето, ова практика лесно може да стане реалност. Власта ја креират граѓан(к)ите, но само будните во нив. Најидеалното би било; будните граѓан(к)и!“, заклучи Салихи.
Емилија Петреска
*Фотографиите се позајмени од личните архиви на „Кула“, „Дуња“, Артикултура“ и Социјалниот културен простор во Тетово
-
Ideja dhe nevoja për qendër kulturore autonome, ende ngelin gjallë!
Kulturë e pavarur, shprehje e lirë dhe vend i hapur në çdo kohë kur pothuajse gjithçka është privatizuar dhe ngarkuar me nevojën për përfitime – kjo përafrisht është ideja për një qendër kulturore autonome. Ajo rinte pezull deri në themelimin e Qendrës Kulturore dhe Sociale Autonome – QKSA në Shkup para 6 vjet. Edhe pse ajo nuk funksionon më, ishte ndër përpjekjet e pata të popullarizohet një vend I këtillë. Pas tij u paraqitën “Kulla”, “Dunja”, “Arkikultura” në Manastir ndërsa para disa kohe dhe Hapësira Kulturore Sociale në Tetovë. Por, gjetja e financave është armiku më i madh i idesë, qëllimi i së cilës nuk është bërja e parave kesh.
Tetovari i ri Taulant Salihi, kohë më parë ka dëshiruar që në qytetin e tij të ketë qendër kulturore të pavarur. Siç thotë – më lehtë është të thuhet çfarë i duhet qytetit, sesa të numërohen gjërat të cilat i mungojnë. Ai, vetëm para disa ditë u kthye nga Tirana, Shqipëria, ku morri pjesë në aksion të bashkuar, të organizuar nga kolektivi i pavarur Brukseli-an, Toestand, ku nga fabrika për traktorë kanë krijuar qendër kulturore për të rinj.
Kjo nuk është hera e parë Salihi të marrë pjesë në projekt të kolektivit nga Brukseli. Para pothuajse tre vjet, e ka vizituar qendrën kulturore autonome Termokis në Prishtinë, e cila është themeluar si projekt I vullnetarëve belgjian. Ideja e tyre është në mënyrë vullnetare të ndihmojnë në restaurimin e hapësirave publike të lëna pas dore dhe jofunksionale, në mjedise të margjinalizuara ose në qytete ku mungojnë qendra sociale dhe rekreative.
Përvojat dhe dijet, Salihi ka vendosur t’i transferojë edhe në qytetin e tij. Së bashku me vullnetarë belgjianë dhe kosovarë në korrik të vitit të kaluar ia dolën për një javë të krijojnë Hapësirën kulturore sociale në Tetovë. Sot, qendra posedon dy hapësira – “Skatova”, në rolin e skejt parkut modest dhe objektin e ish radiostacionit të qytetit.
“Qendra përdoret për çdo lloj të ngjarjeve kulturore, nga ekspozita, deri te performanca dhe punëtori të ndryshme kreative, diskutime, deri në takime argëtuese dhe spontane. Si prodhim shtesë e kemi edhe onlajn radion e Qendrës e cila në mënyrë simbolike mban emrin e radiostacionit të mëparshëm të qytetit. Qendra si e tillë, është e hapur për të gjithë të cilët kanë nevojë dhe dëshirë të realizojnë ndonjë ide në favor të shoqërisë, ndërsa të cilët nuk kanë mbështetje dhe mundësi përkatëse”, na sqaroj Salihi.
Megjithatë, për logjistikën dhe burokracinë më tepër ju kanë ndihmuar nga organizata joqeveritare lokale Democracy Lab. Janë befasuar nga qëndrimi pozitiv i pushtetit lokal kur ju kanë lejuar të përdorin këto hapësira. Por, sipas Salihi, kjo vetëm për shkak të karakterit internacional të projektit.
“Besoj se matematika e pushtetit lokal por edhe pushtetit lokal duhet të përmirësohet. Në vend të traumës kapitaliste të përfitimit të cilën e trashëgojmë dhe kultivojmë pothuajse tre dekada, duhet të shihen edhe përfitimet morale për posedimin e kapitalit, i cili është i pranishëm në hapësirat e këtilla publike. Në vend të jepen me qira për shuma jo efektive, nëpërmjet dhënies në përdorim për të rinjtë ( jo detyrimisht vetëm për të rinjtë, le të jenë edhe organizata qytetare) autonomë kreative, përfitimet për shëndetin mental dhe shpirtëror të shoqërisë do të jenë paçmueshëm të mëdha dhe të dukshme”, konsideron Salihi.
Sipas tij, nëse shteti dëshiron të jetë social, atëherë duhet të inkurajojë aktivizëm vullnetar.
“Formula se si bëhet kjo ka shumë në mbarë botën, ndërsa nuk ka shkak pse të mos krijohen të reja, si subvencione, lirim nga tatimet, forma të ndryshme të mirënjohjeve dhe shumë forma të inkurajimit, me të cilat deri diku do të ndryshohej lakmia për përfitim në lakmi më përgjegjësi dhe produktivitet shoqëror”, thotë ai.
Kolektivi i tyre numëron 20 anëtarë aktiv. Në bazë vullnetare mblidhen një herë në javë për të planifikuar aktivitetet në këtë vend. Janë të grumbulluar sipas fushave dhe moshave të ndryshme. Sipas Salihi, bëhet fjalë për individë të cilët kanë dëshirë të japin shumë më tepër nga koha e tyre për Qendrën, për të mirën e përgjithshme.
“Duket se të gjithë që ndonjëherë në jeta e kanë ndier nevojën për qendra të këtilla, janë këtu”, thotë ai.
Në vitin 2016, nga ana tjetër, në “Rajko Zhinzifov” nr. 22 në Shkup vendoset kolektivi i qendrës sociale “Dunja”. E mban emrin e Nevena Georgievska – gruas së parë partizane në njësitet partizane maqedonase dhe anëtare e lëvizjes rinore, sindikale dhe punëtore ndërmjet dy luftërave botërore.
Pjesë e mirë e kolektivit të “Dunja” tani më la përvojë nga QKSA, kështu që vendosin të vazhdojnë kauzën. Kësaj here, bashkëngjitet përbërja e atëhershme e lëvizjes majtiste Solidariteti, organizata rinore Mugra dhe Sindikata e pavarur e gazetarëve të Maqedonisë – SPGM.
Kjo hapësirë shpesh është mikpritës i koncerteve të pankerëve dhe hard kor metalit, ndërsa shërben edhe për diskutime të hapura, projektime të filmave dhe treg pa pagesë. Para dy vjet ishte edhe strehimore për persona të pastrehë gjatë ditëve më të ftohta.
“Hapësirat publike gjithnjë e më shumë po privatizohen. Është me rëndësi të ketë hapësirë e cila do të jetë e hapur për të gjithë dhe të mos jetë komerciale dhe është me rëndësi të promovohet solidariteti në shoqëri. Gjithashtu, jetojmë në botë të tjetërsimit, njerëzit janë të motivuar të shohin vetëm para vetes dhe garojnë mes vete, dalëngadalë bëhemi armiq dhe ne duam që ta ndalojmë këtë”, thotë Nikolla Shteriov, anëtar aktiv i kolektivit.
“Shkoja dhe incizoja 30 hapësira me kamerë që i kërkoja në shpallje”, e kujton fillimin.
“Dunja ishte i fundit që e gjeta dhe ja tregova Solidaritetit. U dashuruan menjëherë, madje shkuan të nesërmen që ta shihnin vetë. Thamë “ky është vendi”. Kishte çdo gjë, lokacion, hapësirë të mjaftueshme, çmime të mira dhe oborr. Për më tepër, sipër kishte hapësirë për zyra për njerëz të tjerë që do të vinin me ne, që të bëjmë diçka të përbashkët. ”
Madje edhe në vitin e parë nga ekzistimi i “Dunja” u bë e njohur mes të rinjve, por me kalimin e kohës ai interes zvogëlua. Sipas Shteriov, arsyeja është se ato nuk janë komerciale.
“Keni një kombinim në popullatës së vargër dhe një hapësire të vogël. Megjithatë, nuk jemi komercial, nuk promovohemi që të arrijë fjala për ne te shumë njerëz. Ndoshta nganjëherë nga ato arsye nuk jemi shumë “kull”, edhe pse bëjmë diçka që konsiderojmë se do të kontribuojë në krijimin e një bote më të mirë”, thotë ai.
Që të mos kenë probleme me fqinjët për shkak të muzikës së zhurmshme duhej të bëjnë një kompromis. Kanë vënë një rregull ahengje të ketë vetëm të premten dhe të shtunën deri në ora 11.
“Fqinjët tanë nuk kanë keqkuptim për ne si ide. Raporti shkon nga indiferencë, deri në “ju lumtë djelmosha, super jeni”. Atje ku kemi pasur reagime negative është kur kemi bërë aheng të zëshëm deri vonë. Vetëm atëherë kemi pasur probleme me fqinjët dhe policinë. Dhe këtë unë e kuptoj. Nga njëra anë, për në ato ahengje janë mënyrë për të grumbulluar mjete, por nga ana tjetër, ne jemi në qendër të qytetit, tani më të rrethuar me ndërtesa nga të gjitha anët. Afër ne deri para dy vjet kishte shtëpi, tani është ndërtesë. Jemi të rrethuar me punëtorë, të cilët duhet të zgjohen herët në mëngjes”, thotë Shteriov.
Por, për “Dunja” problemi më i madh në fakt janë financat. Mjetet fillimisht kanë ardhur nga projekte të organizatave, ndërsa tani janë tërësisht të pavarur, duke thithur nga kursimet e fundit nga donacionet e vizitorëve. Por, kjo nuk mjafton për shlyerjen e shpenzimeve për qira, fatura dhe për organizimin e evenimenteve. Prandaj, në vjeshtë filluan me online fushatë në “Gou dand mi” për grumbullimin e mjeteve. Çmimi i cili u nevojitet është 6000 euro, por deri më tani kanë grumbulluar 1500. E kanë mundësuar edhe opsionin organizata dhe punëtorë kulturor të marrin me qira hapësirat në shtëpinë e tyre, por edhe kjo nuk ka kaluar.
“Në këtë situatë nuk kemi shume financa dhe po na harxhohen. Ka edhe për ndonjë muaj. Është pyetje kohe edhe sa do të vetë mbahemi kur bëhet fjalë për marrjen me qira të objektit”, theksoi Shteriov.
Në situatë të ngjashme kanë qenë edhe djelmoshat e “Kulla” Kolektiv tjetër nga Shkupi, por me ide pothuajse të njëjtë si “Dunja”. Ata paraqiten pak më herët, në vitin 2014 kur nga “Galeria 7” në Çarshinë e Shkupi zhvendosen në objektin e ish kafenesë, te parkingu i “Holidej in. Me ri rregullime minimale u krijua vend ku piktorët, punuesit e punimeve të dorës dhe muzikantë. mund të promovonin artin e tyre.
Kjo hapësirë ishte aktive dy vjet e gjysmë dhe gjatë asaj periudhe të shkurtë kohore në “Kulla” janë organizuar më tepër se 350 ngjarje, thotë një nga themeluesit e saj Ertunxh Sali. Ata. kanë pasur përvojë me organizimin e ngjarjeve nëpërmjet festivalit të tyre “Nën tokë merret frymë më lehtë” i cili po organizohet tani më 6 vite.
“Në fillim thoshim se nuk është e rëndësishme për ne Kulla, pas një kohe njerëz të tjerë e bënë të rëndësishme … mbasi u hap. Deri më sot vijnë njerëz dhe thonë: “Ju jeni të çmendur, si e mbyllet atë vend. Ishte i shkatërruar, mund të bënit shumë”, thotë ai.
Megjithatë, promotor i qendrës kulturore janë vetë njerëzit për të cilët ekziston qendra, konsideron Sali.
“Qendra kulturore nuk hapet që të besh kesh, por për njerëzit, që të mund tu gëzohen disa evenimenteve kulturore. Që të njoftohen me piktorë të rinj, me artistë, muzikantë, të kenë hapësirë ku do të mund të bisedojnë për disa tema të cilat nuk mund t’i bisedojnë në të përditshmen me çdo njeri, ose të bëjnë debate, qoftë në mënyrë formale ose joformale. Ose thjeshtë vetëm për shoqërim. Nuk kam se ku të shkoj, do të vij këtu”, tha ai.
Edhe ata kishin probleme me financimin. Janë gjendur me donacione nga vizitorët dhe grant nga Ambasada e Holandës. Por ajo për çka Saliu e identifikon “Kulla” është energjia me të cilën rrezatonte kjo hapësirë.
“Pra, 5 minuta deri në 12 ka kohë për të ndodhur evenimenti, ende nuk je gati, altoparlantët dhe sendet të tjera teknike nuk janë rregulluar dhe ti në afat prej 5 minuta duhet të vraposh. Para kësaj ke thënë “epo ka ende kohë, ri, hajde të pimë edhe nga një kafe”. Dhe në fund, kur do të vijë koha, gjithçka do të ndodhë menjëherë. Atëherë shikon se të gjitha problemet që paraprakisht i ke kaluar janë në rregull, sepse ke numër të mjaftueshëm të njerëzve, sepse secili ka obligimin e vet”, sqaron ai.
Një ngjarje e këtillë sipas së cilës do ta mbajë në mend “Kulla” është performimi i bandës amerikane Daikaixhu.
“Isha në punë, rreth orës 1 mu paraqit një shok dhe më thotë: “Është një bandë, mbrëmë performuan në Manastir dhe sot kanë ditë të lirë. Do të kalojnë nga Shkupi. Në vend se të shkojnë nga Beogradi dhe të mos bëjnë asgjë, a mund të bëjnë muzikë në “Kulla”. Për kur? Për sot”, më thotë ai”, fillon të sqarojë Sali.
“Ata bëjnë muzikë surf rokenrol. Performonin me maska. Vetë bateristi ishte shoumen. Ju tha njerëzve ta çojnë me gjithë setin e baterive. 15 njerëz e mbanin dhe në fund hodhi benzinë mbi cimbalet, i ndezi dhe vazhdoj të bëjë muzikë. Brenda në “Kulla” ndodh kjo dhe ti si organizator thua me vete “tani do të ndizen të gjithë trarët, do të ketë zjarr”. Për fat të mirë nuk ndodhi asgjë, të gjithë që ishin në atë eveniment kaluan shkëlqyeshëm. Ishte çmenduri. “
Nëse nuk ka kulturë, nuk ka të rinj
Miku me të cilin ka biseduar Sali, një ditë para koncertit të “Daikaixhu” është Bojan Staniq nga “Artikultura” në Manastir – qendër e vogël kulturore të cilin e krijuan entuziastë para dy vjet. Me pak para, por me shume mund dhe dashuri ata transformuan një byro të vjetër për kontabilitet në komunitet. Shkaku që ta bëjnë këtë, thotë Staniq, është oferta kulturore “zyrtare” në qytet e cila nuk ofron pothuajse asgjë për të rinjtë.
“Udhëhiqem nga vetja, edhe pse 90% të aktiviteteve kulturore i kam të fokusuara në Manastir, unë 6 vitet e fundit jeton në Shkup, më tepër për këtë shkak”, thotë ai.
“Nuk mund të flas në emër të të gjithëve, por për vete ajo që mungon, njëkohësisht edhe shkaku për të cilin u kyça, është ndërtimi i hapësirës me ide të qarta dhe politikë kulturore, të pa ngarkuar nga përfitimi i një shprehje të caktuar artistike. Shkurtimisht, hapësirë ku cili do qoftë dhe para së gjithash të rinjtë, do të mund të bëjnë çfarë t’ju bjerë në mend, pa u lodhur se ajo që e bëjnë a do të shitet mirë. Gjithashtu mendoj se running idea te shumë anëtarë ishte të krijohet vend për promovim konkretisht të muzikës autoriale, përkundër ofertës kulturore momentale në qytet ku prevalon tezga – muzika e gjallë”, thotë Staniq.
Për 8 muaj sa ekzistojnë, kanë organizuar koncerte me mbi 60 performues autorial nga 13 shtete të ndryshme. Në fillim mbështetja ka qenë e madhe – dikush ka ndihmuar me adoptimin e hapësirës, dikush ka bërë donacion material.
“Në ditën e hapjes frekuentimi ishte më i madh edhe nga parashikimet më fisnike dhe bujare të cilat, cili do nga ne mund t’i kishte. Brenda, jashtë, rrugicat fqinje, gjithçka ishte plot me njerëz, atmosfera e të gjithëve ishte sureale”, kujtohet Staniq.
Por, erdhi vjeshta, ndërsa me këtë edhe shumë njerëz u larguan nga Manastiri, zakonisht të rinj të cilët studiojnë në Shkup. Ky, sipas Staniq, është një nga problemet të cilat më vonë kanë rezultuar me mbylljen e “Artikultura”. Këtu përsëri paraqitet edhe problemi me financat.
“Artikultura edhe pse vepronte si qendrës kulturore, në letër ishte kafeteri, kështu që financat ishin para së gjithash nga banaku, me atë që shpiknim punë si stiker për mbështetje dhe forma të ngjashme të donacioneve kur kishin evenimente. Dhe gjithsesi, shumë gjera paguanim nga xhepi, një pjesë si anëtarësim për pjesëmarrje në bashkësinë ( anëtarësia vjetore ishte 60 euro) ndërsa mjaft shpesh jepnim edhe para plus sipas nevojës”, thotë ai.
Në mënyrë që të ruajnë pavarësinë ata kanë refuzuar të aplikojnë në projekte, por që të mbijetojnë janë paraqitur në thirrjen e Ministrisë së Kulturës. Me këtë kanë dashur t’ju shpaguhen artistëve të cilët i kanë mbështetur duke bërë performime për pothuajse pa para.
“Ajo sagë përfundoi me aprovimin e 60 eurove marramendëse për performim, nga Ministria e Kulturës, të cilat sigurisht se i refuzuam. Si reagim, vitin e ardhshëm organizuam “Verën jo kulturore të Manastirit”, antipod të Verës kulturore të Manastirit në organizim të komunës, me çka organizuam evenimente në sipërfaqe publike në qytet, të financuara nga shitja e bluzave me mbishkrimin Ipakulturuar/Epakulturuar. Meqë nëse nuk na mbështetin institucionet e angazhuara për kulturë, duhet të jemi të pakulturuar, apo jo?”, thotë Staniq.
Qendrat kulturore autonome e lirojnë hapësirën publike
Bukuria e ekzistimit të “Artikultura” është në atë që qytetarët e kanë kuptuar vlerën e hapësirës së lirë dhe tani janë të interesuar të vazhdojnë tregimin, konsideron Staniq.
“Po, ndoshta nuk ia dolëm të mbajmë biznes i cili kushtonte 2000 euro në muaj për qira, shpenzime të tjera dhe paga për të punësuarit në banak, por prandaj konsideroj se vendosëm bazë dhe e trasuam rrugën për cilin do promotor të ardhshëm të këtij lloji, nëse asgjë tjetër, të paktën treguam se të rinjtë nga Manastiri ju nevojitet patjetër hapësirë e lirë ku do të mund të shprehen”, thotë ai.
Staniq, shpreson se ky është leksion për te rinjtë, mos presin asgjë nga askush, por vetë t’i marrin punët në duar e tyre.
“Megjithatë, edhe pse decentralizimi është jashtëzakonisht shumë i nevojshëm, unë nuk pres se çfarë do qoftë gje e këtillë do të fitohet nga qendrat e fuqisë, prandaj mendoj se duhet të fillojmë vetë të mendojmë dhe të punojmë në lirimin e hapësirës, nga ne, për ne. Deri atëherë, ato 8 muaj “Artikultura” do ti ruajmë me ne si një nga momentet më të ndritshme të cilat i ka përjetuar Manastiri”, përfundon ai.
Me këtë ndërlidhet edhe Sali nga “Kulla”, i cili dëshiron të kthehet koha kur njerëzit me vetiniciativë kanë organizuar koncerte në qytet.
“Dua të ketë njerëz të rinj, të cilët vërtet do të kishin dashur të bëjnë diçka”, thotë ai.
Për Shteriov, nga ana tjetër, përvoja është thikë me dy tehe.
“Nga njëra anë duhet angazhim, kjo nuk është gjë e thjeshtë, duhet të angazhohesh shumë që të mbijetojë diçka e këtillë. Di të jetë shumë e lodhshme, ndonjëherë. Nga ana tjetër, të jep ndjenjën e kënaqësisë kur do të shohësh rezultate të caktuara. Ndonjëherë paraqitet ndjenja “pse e bëj këtë”, normalisht. E di se sonte mund të bëj diçka që do të më sjellë më tepër mjete, por rezultatet nuk janë aq të pa dukshme, shihen. Shpesh herë njerëzit do të thonë “super është kjo që e bëni, nuk duhet të zhduket diçka e këtillë, vend i këtillë është i nevojshëm”. Kemi pasur mjaft aksione të cilat janë rezultuar me rezultate konkrete të cilat unë i shoh si diçka që ka kontribuar vërtet drejt përmirësimit të shoqërisë. Unë jam i kënaqur dhe pak i lodhur. Por, përfundimisht, ja vlen”, thotë ai.
Për djelmoshat e Hapësirës Kulturore Sociale në Tetovë, e rëndësishme ka qenë të ruajnë autonominë dhe të mbrohen nga përzierjet e jashtme në vizionin e tyre për këtë hapësirë. Prandaj, zakonisht vetë financohen ose nëpërmjet donacioneve. Por edhe atëherë shohin kjo mos jetë në konflikt me vlerat e brendshme të vetëvendosjes.
“Shumë segmente nevojiten për mirëmbajtjen afatgjate dhe mbijetesën e qendrave të këtilla ndërsa më me rëndësi kuptohet është detaji moral. Sigurisht ai duhet të përfshihet në kulturën e përgjithshme, ndërsa ky sigurisht se është proces i ngadalshëm, në veçanti në shoqëri të cilat gjenden në periudhë dhe hapësirë të këtillë kohore, siç janë shtetet e rajonit tonë. Megjithatë, besoj se me pak më tepër sinqeritet dhe vullnet të mirë, për të cilin nuk ka dyshim me ekziston tek njerëzit, kjo praktikë lehtë mund të shndërrohet në realitet. Pushtetin e krijojnë qytetarët / et, por vetëm ata të zgjuarit. Më ideale do të kishte qenë, qytetar (et) ët, të zgjuar!”, përfundon Salihi.
Emilija Petreska
*Fotografitë janë huazuar nga arkivat personale të “Kulla”, “Dunja”, “Artikultura” dhe Hapësira Kulturore Sociale në Tetovë
* Оваа содржина е изработена со помош на Европската Унија во рамките на Проектот за младинско изразување. За објавените содржини е одговорен Младински образовен форум и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.