На 28 април, од 13 часот, со настан за вмрежување на младите со компаниите и граѓанските организации, во Битола ќе биде отворен Младинскиот центар – МладиХаб.
„Новата канцеларија ќе служи како простор за работа, вмрежување и организирање на активности кој бесплатно ќе им стои на располагање на младите во регионот. Младинскиот Центар – МладиХаб Битола воедно ќе биде и место каде младите ќе можат да се информираат за тековни проекти, мерки и активности наменети за помош и поддршка за млади“, стои во најавата за настанот.
На отворањето, ќе бидат прикажани и четири видеа кои вклучуваат млади учесници и ментори од програмата за практиканство, програмата за кариерно советување и акцелераторската програма.
Центарот се наоѓа во рамките на УЗ. Вељко Влаховиќ во Битола.
Сите заинтересирани млади и правни субјекти можат да го пријават своето учество со пополнување на формите достапни подолу.
Рокот за пријавување е до 22 април.