Денеска (сабота, 7 септември) од 12 до 14 часот на Плоштадот Македонија ќе се одржи настанот „Future on hold (Иднината на пауза)“ или Креативно претставување на невработеноста. Млади луѓе од Македонија и Европа ќе излезат на улиците на Скопје за да ја спојат уметноста со политиката во демонстрација против високата стапка на невработеност.
Поради тоа што е мала заинтересираноста и активноста на политичките лидери за инвестиција и креирање на работни места, целта е сега младите луѓе да ја превземаат иницијативата за подигање на свеста. На плоштадот ќе биде поставена интерактивна едукативна табла која случајните минувачи ќе можат да ја обојат и дискутираат со преставници околу овој проблем.
Основен тим од 5 млади европејци го водат проектот и ќе создадат заедно со креативните улични акции, краток филм за секој од проектите на Балканот(Босна и Херцеговина, Македонија и Албанија). Овие филмови ќе бидат изложени во Европскиот Парламент и Советот на младински центри во Европа за да може да рашири поголема Европска свест за овие теми,мислења и ставови на младите луѓе.
Овој настан е дел од кампањата Генерација на човечките права (Human Rights Generation) која се спроведува од страна на Европската младинска организација АКТИВ-трезвеност,пријателс