Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ од Скопје (ИДСЦС) и претставништвото на фондацијата Конрад Аденауер во Скопје (КАС) традиционално објавија Прирачник за изборните процеси во земјата.
Во него има преглед за парламентарните избори 2024 година, како и за историјата на парламентарните избори во Македонија, изборниот систем и за учесниците на изборите.
„По завршувањето на изборите ќе се подготви второ, дополнето, издание на овој Прирачник во кое ќе бидат вклучени резултатите, како и информации за кампањата и изборниот процес во целина. Се надеваме дека прирачникот може да биде корисен за сите кои се заинтересирани или директно вклучени во претстојните избори“, велат од ИДСЦС.
Сите претходно подготвени прирачници за претседателски, парламентарни и локални избори можете да се најдат на веб-страната http://izbornaarhiva.mk/