Училиштето за јазици The Language Gallery (TLG) од Лондон објави серија аудио подкасти кои се наменети да им помогнат на студентите при подготовка на испитот по англиски јазик ИЕЛТС.
Подкастите се фокусираат на четирите различни модули на тестот – читање, пишување, говорење и слушање. Тие се бесплатни и можат да се преслушуваат и преземаат од iTunes на следниов линк.
TLG е реномирано училиште за јазици кое е дел од универзитетот London School of Business and Finance, со училишта за јазици на различни локации во Лондон, Манчестер и Бирмингем во Англија и во Торонто, Канада, групи водени од искусни професори, според специјално дизајнирани наставни програми за потребите на групата.
За студенти, училиштето има дизајнирано специјални програми, прилагодени на нивните потреби. TLG на студентите им нуди подготовка за ИЕЛТС, ТОЕФЛ, академски англиски јазик, програма за прием на универзитет (University Access Programme) и попладневни часови по англиски јазик.
Повеќе информации за програмите за јазици кои ги нуди The Language Gallery можете да добиете на info@educira.me [Educira.me FB страна] и brankica_georgievska@mof.org.mk.