Номинација од БАФТА за Игра на годината во категоријата детски игри доби „Франтикс“ (Frantics), на која две години работеа седумдесеттина артисти, дизајнери, програмери и тестери, меѓу кои и Македонци.
Играта во земјава имаше промоција во март. Креирана е од компанијата „NapNok games“, чие централно седиште е Копенхаген, Данска, а свое претставништво има и во Македонија.
Освен „Frantics“, БАФТА новинации во категоријата детски игри имаат и „Еverybody’s golf“, „Кnack 2“ и „Mario + Rabbids kingdom battle“.
The nominees for Game at this year’s British Academy Children’s Awards are:
EVERYBODY’S GOLF @clap_hanz @sceeblog
FRANTICS @napnokgames @sceeblog
KNACK 2 @SonyJapanStudio @sceeblog
MARIO + RABBIDS KINGDOM BATTLE @Ubisoft pic.twitter.com/6UVVArBQqO
— BAFTA (@BAFTA) October 22, 2018
Видео-играта беше правена во партнерство со „Sony XDev“ и истовремено е прва игра на студиото за „Playstation“ конзолата. Екслузивна е за плејлинк-платформата, а подразбира комбинирање паметни телефони, телевизија и „Playstation 4“.
Станува збор за „party“-игра која на четири играчи ќе им овозможи забава преку 15 различни мини игри, плус дополнителни предизвици на лошата лисица, главната ѕвезда во „Frantics“. Сите игри се предизвик за рефлексите и за прецизноста на играчите, во кои ќе треба да бидете подобри од пријателите.