Nëse doni të lexoni tekstin në gjuhën shqipe, shtypni “Shqip” / За текстот на албански јазик кликнете „Shqip“
-
„Ова не се игри на среќа, ова се игри на несреќа“, вели Јуши Емрулаи од Движење „Антикоцкање“, откако пред неколку дена во Владата се утврди Предлог-законот со кој се изменува и дополнува Законот за игрите на среќа и за забавните игри.
Преку Предлог-законот, кој ќе влезе на сила по усвојувањето во Собранието, се предвидува локалите во кои се приредуваат игри на среќа да бидат оддалечени не помалку од 500 метри од основните и средните училишта.
Движењето „Антикоцкање“, седум години работи на воведување на законски реформи за отстранување на локалите за игри на среќа од населените места.
Претставникот на движењето „Антикоцкање“, Емрулаи, за Радио МОФ вели дека предлог законот само делумно го решава проблемот, но додава дека од некаде мора да се почне.
„Во моментот, овој закон не е сјаен, не ги исполнува нашите барања, ние баравме локалите да се оддалечени 3 километри од нашите куќи, на крај да се затворат сите и да се донесе еден добар закон, да биде под контрола, строга контрола на државата за да можат да се занимаваат со игри на среќа“, вели тој.
Триаголник: казина, аптека и брзи кредити
Емрулаи посочува дека досега, по ова прашање „еден камен не е помрднат“.
„Во цела држава е хаос, особено во западниот дел – Тетово, Гостивар. Во Тетово има над 200, околу 60 казина, 120-130 обложувалници што функционираат како мини-казина и сите тие кладилници имаат од 6-12 апарати внатре, а според дневен приход добиен од УЈП, се прави над еден милион и шестотини илјади евра дневен пазар“, истакнува тој.
Со Емрулаи поразговаравме и за финансиските друштва што нудат брзи кредити.
„Триаголник е тоа: казина, аптека и брзи кредити. Ќе земеш пари од банка, ќе влезеш во казино ќе ги потрошиш, па ќе земаш апчиња за да можеш да се лечиш и да се смириш. Неслучајно тој триаголник е направен во сите овие спортски обложувалници и сите казина“, вели тој.
Според Емрулаи, активностите на движењето „Антикоцкање“ е со цел да се спаси младината.
„Ова што се празни државата од млади луѓе не е случајно, ова се валкани игри. За да можеме да го стопираме затворањето на државата, мораме да ги затвориме игрите на среќа“, вели тој.
Во казино уште од 8 години
Од Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа (АПИС) по утврдувањето на законот испратија свое соопштение. Меѓудругото, тие тврдат дека записниците од инспекторите не евидентирале малолетници во локалите, но Инстаграм анкетата на Радио МОФ не го покажува истото.
На анкетата ни одговорија 90 млади на возраст од 15 до 18 години и 662 млади на возраст од 18 до 24+ години. Добивме и два одговори од млади лица на возраст од 13-15 години.
На прашањето – „Дали досега сте влегле во локал за игри на среќа“ со „Да“ гласале 414 млади (58%), додека со „Не“ гласале 296 млади (42%).
На прашањето „Кога за првпат сте играле игри на среќа“ ни одговорија 143 млади. 16 анкетирани велат дека првпат во локали за игри на среќа влегле од 8 до 14 години.
Додека седум од испитаниците никогаш не влегле во ваков локал, три лица влегле на 8 години, едно лице на 10 години, две на 12 години, шест на 13 години, четири на четиринаесет години, седум на 15 години, тринаесет на 17 години и 21 лице на 18 години.
На возраст од 15 до 21 година во локали за игри на среќа за првпат влегле 104 анкетирани. Истовремено, 16 анкетирани во вакви локали за првпат влегле на возраст од 22 до 30 години.
Според психологот Ана Попризова, многу малку се работи на подигнување на свесноста за проблемите со коцкање, недостасуваат кампањи на социјалните медиуми и активности за зголемување на јавната свест за проблемот со коцкањето и достапноста на услуги за лекување и превенција.
„Напротив, сведоци сме дека идолите и моделите на младите, спортисти или јавни личности рекламираат игри на среќа и брзи кредити. Достапноста и просперитетот на казината и кладилниците е широко поддржана од државата, која зад маската на можност за вработување генерира големи финансиски средства кои се извлекуваат од граѓаните. Сиромаштијата, безнадежноста и немоќта во нашиот општествен контекст, често се поттикнувачи кај личноста да бара излез во коцкање и кладилници. Илузијата на лесно заработени пари за некои личности е поттикнувач за игри на среќа“, истакнува психологот.
Притоа, психологот забележува дека изложеноста и достапноста придонесуваат за поголема посетеност, и посочува на заобиколувањето на законската регулатива преку бројните примери дека се дозволува влез на малолетници.
Јавна (не)свест
Попризова додава дека воопшто нема податоци за третман на оваа појава, а проблем е, вели таа, и неадресирањето на овој проблем од страна на медиумите и образовниот систем.
Осврнувајќи се кон предлог-решението, психологот вели дека тоа не е доволно, бидејќи игрите на среќа ги има на секој чекор. Но, дополнува таа, предлог-законот дава опции за зголемување на свесноста за проблемот и отвора потрага по долготрајно решение.
„Игрите на среќа во голем процент можат да предизвикаат и зависност кај определен број луѓе. Оваа зависност е прилично комплексен механизам кој вклучува психолошки, неврофизиолошки и социо-економски фактори кои се во основата. За жал кај нас речиси и да не постои системски пристап кон оваа состојба. Потребно е индустријата на игри на среќа да финансира и програми за третман и лекување на луѓето кои развиле зависност и тоа да влезе како законско решение“, посочува таа.
Кај младите најпопуларни се кладилниците и игрите на автомати
Психологот посочува дека не постојат истражувања на оваа тема за македонското население, но додава дека од информациите со кои располага, кај младите најраспространети се кладилниците и игрите на автомати.
„Проблематичното коцкање води до различни сериозни лични и професионални проблеми, вклучувајќи депресија, финансиски проблеми, семејни конфликти и злоупотреба, измама и криминални активности. Овие ефекти се штетни и за најблиските на зависниците. Зависноста од игри на среќа не секогаш лесно се открива и многу често е потребно да настане финансиски колапс за да се воочи проблемот. Секако дека ова може да влијае на личен и професионален план кај младите“, подвлекува Попризова.
Таа објаснува дека ако детето ги гледа родителите или блиските, како редовно посетуваат објекти за игри на среќа, порака што ја добива е дека се тоа места кои се пожелни за посетување.
„Кај нас за жал има голем број на возрасни кои заради сиромаштија и безнадежност се вртат кон игрите на среќа, создаваат зависност, и економски колапс на цели семејства. Потоа во пубертет и адолесценција објектите за игри на среќа заради пристапноста стануваат места за собирање, заедничко дружење и можат да поттикнат ризично однесување кај определена група млади“, вели Попризова.
Па така, вели психологот, следен чекор е развивање на зависност од игри на среќа, често и меѓусебно младите се имитираат или поттикнуваат меѓу себе.
„Секојдневно сме сведоци на млади и возрасни лица кои заради зависност од игри на среќа се задолжуваат и цели семејства се доведени на раб на егзистенција. Исто така ова доведува до семејни проблеми каде повторно страдаат и децата“, заклучува Попризова.
Земјите од регионот со позитивни, но и пишман одлуки
Од Владата за Радио МОФ велат дека целта преку овие измени и дополнувања е да се оневозможи лесен пристап до овие објекти, особено на малолетната популација, поради предизвикување штетно влијание врз нив и правилно насочување на нивниот развој.
„Во таа насока, а врз основа на направени анализи на состојбите и во земјите од регионот, се предлага деловните простории, односно уплатно-исплатните места во кои се приредуваат игрите на среќа да бидат на оддалеченост не помалку од 500 метри од основни и средни училишта“, истакнуваат од Владата.
Оттаму дополнуваат дека во оваа насока, се планира и забрана за рекламирање на интернет игрите на среќа во време кога целна публика се лица помлади од 18 години, на интернет страници наменети за лица помлади од 18 години и се забранува какво било привлекување и влијание на малолетните лица.
Од Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа (АПИС) во соопштението истакнуваат дека предлогот ќе ја укине работата на 10 илјади луѓе и ќе го осиромаши државниот буџет за 280 милиони евра на годишно ниво.
„Тврдиме дека предложената дистанца од 500 метри во својата суштина значи дека Владата всушност предлага целосно затворање на оваа економска гранка. Ќе се затвори 100% законски бизнис што автоматски ќе предизвика игри на среќа да се играат на црно, во подруми, како децении наназад. Државата ќе нема ниту контрола, ниту ќе остварува буџетски приливи. Приходите од играње во диви играчници ќе завршуваат во приватни џебови, без да се плаќаат лиценци и даноци“, велат од Асоцијацијата.
Од АПИС посочуваат и на референдумите и укинувањата на забраните за игри на среќа во други држави.
„На 29 јануари, 72% од жителите на Лихтенштајн на референдум со гласање против ја отфрлија иницијативата за затворање на казината во државата. Во октомври лани, албанската Влада соопшти дека после четири годишната забрана ги враќа игрите на среќа“, велат од АПИС.
Од почетокот на годинава, Албанија по четири години ја укина забраната врз казината и обложувалниците и повторно го воведе спортското обложување.
Во Македонија за оваа тема се зборува веќе неколку години, додека Албанија кон крајот на 2018 година да го забрани спортското обложување низ целата земја.
Ивана Смилевска
-
Lojërat e fat(keqësisë) – midis kazinove dhe shkollave, sa po mendohet për të rinjtë?
“Këto nuk janë lojëra fati, këto janë lojëra fatkeqësie,” tha Jushi Emrulai i Lëvizjes “Antibixhoz”, pasi qeveria javën e kaluar miratoi Propozim ligjin që ndryshon Ligjin mbi lojërat e fatit dhe argëtimit.
Propozim-ligji, i cili do të hyjë në fuqi pas miratimit në parlament, parashikon që vendet ku zhvillohen lojërat e fatit të jenë jo më pak se 500 metra larg shkollave fillore dhe të mesme.
Lëvizja “Antibixhoz”, ka punuar për shtatë vjet për të futur reforma ligjore për të hequr vendet e lojërave të fatit nga vendbanimet.
Përfaqësuesi i lëvizjes “Antibixhoz”, Emrulai, i tha Radio MOF se propozim ligji vetëm pjesërisht e zgjidh problemin, por shton se duhet të fillojë diku.
“Për momentin, ky ligj nuk është i shkëlqyer, nuk i plotëson kërkesat tona, ne kërkuam që lokalitetet të jenë 3 kilometra larg shtëpive tona, që të gjitha të mbyllen dhe të miratohet një ligj i mirë, që të jetë nën kontrollin, kontrollin e rreptë të shtetit në mënyrë që ata të mund të angazhohen në lojërat e fatit”, thotë ai.
Trekëndësh: kazino, farmaci dhe kredi të shpejta
Emrullai thekson se deri më tani, për këtë çështje, “nuk është lëvizur asnjë gur”.
“Ka kaos në gjithë shtetin, sidomos në pjesën perëndimore – Tetovë, Gostivar. Në Tetovë ka mbi 200, rreth 60 kazino, 120-130 bastore që funksionojnë si mini-kazino dhe të gjitha ato bastore kanë nga 6-12 aparate brenda, dhe sipas të ardhurave ditore të marra nga DHP, bëhet treg mbi një milion e gjashtëqind mijë euro në ditë”, thotë ai.
Emrulai dhe unë gjithashtu folëm për kompanitë financiare që ofrojnë kredi të shpejta.
“Ky është një trekëndësh: kazino, farmaci dhe kredi të shpejta. Do të marrësh para nga banka, do të shkosh në kazino, do t’i shpenzosh ato dhe do të marrësh tableta për shërim dhe qetësim. Nuk është rastësi që ky trekëndësh është bërë në të gjitha këto bastore sportive dhe në të gjitha kazinotë”, thotë ai.
Sipas Emrulait, aktivitetet e lëvizjes kundër lojërave të fatit kanë për qëllim shpëtimin e të rinjve.
“Ajo shteti që po zbrazet nga të rinjtë nuk është e rastësishme, këto janë lojëra të pista. Në mënyrë që të ndalojmë mbylljen e shtetit, duhet të mbyllim lojërat e fatit, “tha ai.
Në kazino që prej 8 vjetësh
Shoqata e organizatorëve të Lojërave të fatit (ShOLF) dërgoi një deklaratë pasi u krijua ligji. Ndër të tjera, ata pretendojnë se të dhënat e inspektorëve nuk regjistruan të mitur në lokalitete, por sondazhi i Radio MOF në Instagram nuk tregon të njëjtën gjë.
Anketës ju përgjigjën 90 të rinj të moshës 15 deri në 18 vjeç dhe 662 të rinj të moshës 18 deri në 24 vjeç e sipër. Ne gjithashtu morëm dy përgjigje nga të rinjtë e moshës 13-15 vjeç.
Në pyetjen – “A keni hyrë ndonjëherë në një lokalitet të lojërave të fatit”, 414 të rinj (58%) u përgjigjën me “Po”, ndërsa 296 të rinj (42%) me “Jo”.
Pyetjes “Kur keni luajtur për herë të parë lojëra të fatit” iu përgjigjën 143 të rinj. 16 të anketuar thanë se për herë të parë kanë hyrë në lokale të lojërave të fatit midis moshës 8 dhe 14 vjeç.
Ndërsa shtatë nga të anketuarit nuk kanë hyrë kurrë në një lokalitet të tillë, tre persona kanë hyrë në moshën 8 vjeç, një person në moshën 10 vjeç, dy në moshën 12 vjeç, gjashtë në moshën 13 vjeç, katër në moshën katërmbëdhjetë vjeç, shtatë në moshën 15 vjeç, trembëdhjetë në moshën 17 vjeç dhe 21 në moshën 18 vjeç.
Në moshën 15 deri në 21 vjeç, 104 njerëz kanë hyrë për herë të parë në lokalet e lojërave të fatit. Në të njëjtën kohë, 16 të anketuar në lokalitete të tilla për herë të parë kanë hyrë në moshën 22 deri në 30 vjeç.
Sipas psikologes Ana Poprizova, shumë pak është bërë për të rritur ndërgjegjësimin për problemet e lojërave të fatit, mungesën e fushatave dhe aktiviteteve të mediave sociale për të rritur ndërgjegjësimin e publikut për problemin e lojërave të fatit dhe disponueshmërinë e shërbimeve të trajtimit dhe parandalimit.
Përkundrazi, jemi dëshmitarë se idhujt dhe modelet e të rinjve, sportistët ose figurat publike reklamojnë lojëra të fatit dhe kredi të shpejta. Disponueshmëria dhe prosperiteti i kazinove dhe bastoreve mbështetet gjerësisht nga shteti, i cili pas maskës së mundësive të punësimit gjeneron burime të mëdha financiare që tërhiqen nga qytetarët. Varfëria, mungesa e shpresës dhe pafuqia e kontekstit tonë shoqëror janë shpesh nxitës në person për të kërkuar një rrugëdalje në bixhoz dhe bastore. Iluzioni i parave të fituara lehtë për disa njerëz është një nxitës për lojërat e fatit”, thotë psikologu.
Duke vepruar kështu, psikologu vëren se ekspozimi dhe disponueshmëria kontribuojnë në pjesëmarrje më të madhe dhe tregon për anashkalimin e legjislacionit përmes shembujve të shumtë që lejojnë hyrjen e të miturve.
(Pa)Vetëdija publike
Ajo shtoi se nuk ka fare të dhëna për trajtimin e këtij fenomeni dhe problemi është, thotë ajo, dështimi i mediave dhe sistemit arsimor për të adresuar këtë problem.
Duke iu referuar zgjidhjes së propozuar, psikologu thotë se kjo nuk është e mjaftueshme, sepse lojërat e fatit janë në çdo hap. Por, shton ajo, projekt-ligji jep mundësi për të rritur vetëdijen për problemin dhe hap një kërkim për një zgjidhje afat-gjatë.
“Lojërat e fatit mund të shkaktojnë që një përqindje e madhe e njerëzve të bëhen të varur. Kjo varësi është një mekanizëm mjaft kompleks që përfshin faktorë psikologjikë, neurofiziologjikë dhe socio-ekonomikë që e mbështesin atë. Për fat të keq, nuk ka pothuajse asnjë qasje sistemore për këtë situatë. “Industria e lojërave të fatit gjithashtu duhet të financojë programe trajtimi dhe shërimi për njerëzit që kanë zhvilluar varësinë si një zgjidhje ligjore”, tha ajo.
Më të popullarizuara në mesin e të rinjve janë bastoret dhe lojërat automatëve slot.
Psikologu thekson se nuk ka hulumtim për këtë temë për popullsinë maqedonase, por shton se nga informacionet në dispozicion të të rinjve, bastoret dhe lojërat e automatëve janë më të përhapura.
Problemi i lojërave të fatit çon në një sërë problemesh serioze personale dhe profesionale, duke përfshirë depresionin, problemet financiare, konfliktet familjare dhe abuzimin, mashtrimin dhe aktivitetet kriminale. Këto efekte janë gjithashtu të dëmshme për të afërmit e të varurve. Varësia nga lojërat nuk është gjithmonë e lehtë për t’u zbuluar dhe shpesh duhet të ndodhë ndonjë kolaps financiar për ta zbuluar problemin. Sigurisht, kjo mund të ndikojë në planin personal dhe profesional të të rinjve”, thekson Poprizova.
Ajo shpjegon se nëse një fëmijë sheh prindërit ose të dashurit që vizitojnë rregullisht objektet e lojërave, mesazhi që merr ai është se këto janë vende të dëshirueshme për t’u vizituar.
Për fat të keq, kemi një numër të madh të të rriturve që, për shkak të varfërisë dhe mungesës së shpresës, u drejtohen lojërave të fatit, krijojnë varësi dhe kolaps ekonomik të familjeve të tëra. Pastaj, në pubertet dhe adoleshencë, objektet e lojërave për arsye të qasshmërisë bëhen vende të mbledhjes, shoqërimit dhe mund të inkurajojnë sjellje të rrezikshme në një grup të caktuar të të rinjve.
Pra, thotë psikologu, hapi tjetër është të zhvillohet një varësi ndaj lojërave të fatit, shpesh dhe reciprokisht rinia imiton ose inkurajon njëri-tjetrin.
“Çdo ditë ne jemi dëshmitarë të të rinjve dhe të rriturve, të cilët për shkak të varësisë nga lojërat e fatit janë në borxhe dhe familje të tëra janë sjellë në prag të ekzistencës. Kjo gjithashtu çon në probleme familjare ku përsëri vuajnë fëmijët”, thotë Poprizova.
Vendet në rajon me vendime pozitive, por edhe të penduara
Na Qeveria për Radio MOF thonë se qëllimi i këtyre ndryshimeve është të parandalojë qasjen e lehtë në këto objekte, veçanërisht për popullatën e mitur, për shkak të shkaktimit të ndikimit të dëmshëm mbi ta dhe kahen e duhur të zhvillimit të tyre.
“Në këtë drejtim, dhe në bazë të analizave të situatës në vendet e rajonit, propozohet që ambientet afariste, përkatësisht vendet për pagesë në të cilat organizohen lojërat e fatit, të jenë në distancë jo më pak se 500 metra nga shkollat fillore dhe të mesme”, thuhet në njoftim.
Për më tepër, gjithashtu është planifikuar të ndalohet reklamimi i lojërave të fatit në internet në kohën kur synohen personat nën 18 vjeç, në faqet e internetit që synojnë personat nën 18 vjeç dhe ndalojnë çdo tërheqje dhe ndikim të të miturve.
Shoqata e Organizatorëve të Lojërave (ShOLF) tha në një deklaratë se propozimi do të shfuqizonte punën e 10,000 njerëzve dhe do të shteronte buxhetin e shtetit me 280 milionë euro në vit.
“Ne argumentojmë se distanca e propozuar prej 500 metrash në thelb do të thotë se Qeveria në fakt po propozon një mbyllje të plotë të kësaj dege ekonomike. Ju do të mbyllë një biznes 100% ligjor që automatikisht do të bëjë që lojërat e fatit të luhen në të zezë, në bodrume, si në dekadat më parë. Shteti nuk do të ketë as kontroll dhe as prurje buxhetore. “Të ardhurat nga lojërat e egra do të përfundojnë në xhepat privatë, pa licenca ose taksa”, thanë nga Shoqata.
ShOLF gjithashtu tregon për referendume dhe heqjen e ndalimeve të lojërave në vendet e tjera.
Më 29 janar, 72% e banorëve të Lihtenshtajnit votuan kundër nismës për të mbyllur kazinotë në vend. Në tetor të vitit të kaluar, Qeveria Shqiptare njoftoi se pas një ndalimi katër-vjeçar, ajo po i kthehen lojërat e fatit,” thanë nga ShOLF.
Që nga fillimi i këtij viti, Shqipëria pas katër vjetësh ka hequr ndalimin e kazinove dhe bastoreve dhe ka rivendosur bastet sportive.
Në Maqedoni, kjo temë është folur për disa vite, ndërsa Shqipëria në fund të vitit 2018 vendosi të ndalojë bastet sportive në të gjithë vendin.
Ivana Smilevska