Во септември 2015, земјите во светот усвоија 17 цели за глобален развој за да се стави крај на сиромаштија, да се заштити планетата и да се обезбеди просперитет за сите. За да се остварат целите до 2030 година, секој може да придонесе на свој начин – владите, приватниот сектор, невладиниот сектор но и сите ние како поединци.
Токму за подигнување на јавната свест за овие цели, Канцеларијата на Обединетите Нации во Скопје направи мала кампања на социјалните мрежи Фејсбук и Твитер, во соработка со неколку македонски дизајнери. Нивната задача беше да ја нацртаат нивната визија за #2030сега, односно како ќе изгледа светот откако ќе се остварат целите, а граѓаните кои сакаат да добијат маичка со некој од дизајните треба да споделат на социјалните мрежи.
Откако ќе се сподели омилената цел, користејќи ги хаштаговите #ијасимамцел и #2030сега треба да се пополни и формата за контакт за да се добие маичка.
Предизвикот започна вчера, по повод Светскиот ден на Обединетите Нации, а ќе трае до денес, во 17 часот. Омилената цел може да се избере на следниот линк.