Илјадници малтешки граѓани се приклучија на марш во чест на истражувачката новинарка Дафне Каруана Галициа, која изминатата недела беше убиена во автомобил-бомба.
Премиерот и лидерот на опозицијата, кои биле најчести субјекти на истражувањата на новинарката, не се појавиле на собирот во неделата.
Учесниците на маршот во главниот град на Малта, Валета, положија цвеќе на слика од новинарката, која се појави спроти Судот откако беше убиена во понеделникот.
Некои носеле маици или плакати на кои биле испишани спорови од последниот текст кој Каруана Галициа го објавила: „Има крадци каде и да погледнете денес. Ситуацијата е очајна“.
Полицијата отстранила банер на кој Малта е опишана како „мафијашка држава“.
Стотици учесници подоцна протестирале пред штабот на полицијата, барајќи оставка од полицискиот началник на Малта.
Некои фрлали домати, торти и монети кон голема фотографија од началникот поставена на улицата.
Убиството на новинарката која ја посветила својата кариера за да ги експонира криминалите во малтешката влада, додека одгледувала три сина, обедини многу од политичарите од опозицијата.
Каруана Галициа постојано ги критикуваше полицијата и правосудната власт.