Илјадници луѓе демонстрираа во Брисел, барајќи од светските лидери остра акција во борбата против климатските промени на претстојниот самит на Обединетите нации за климата во Глазгов, пренесува „Н1“.
Околу 80 организации учествуваа на протестниот марш, најголемиот ваков собир во Брисел од почетокот на пандемијата со коронавирусот.
На протестот се собраа велосипедисти, семејства со деца и други, скандирајќи слогани и мавтајќи со транспаренти на англиски, француски и холандски јазик.
Борците за животна средина стравуваат дека на 26-тата Конференција за климатските промени, која ќе почне во Глазгов на 31 октомври, ќе се усвојат политики кои нема доволно да ги намалат емисиите на стакленички гасови и со тоа да го забават глобалното затоплување.