Илјадници луѓе вчера излегоа на улиците на Истанбул во знак на протест против затворска казна изречена на една од водечките опозициски политичари, јавува „Дојче веле“.
Демонстрациите следат по одлуката на Врховниот апелационен суд на земјата да ја потврди затворската казна од речиси пет години за Канан Кафтанчиоглу, која е шеф на огранокот на Републиканската народна партија (ЦХП) во Истанбул. за навреда на претседателот и државата, врз основа на нејзини твитови од 2012 до 2017 година.
Во 2019 година, таа одигра клучна улога на општинските избори во Истанбул на кои беше забележана победата на ЦХП со која заврши 25-годишното владеење на партијата на претседателот Реџеп Таип Ердоган и неговите претходници.
Критичарите сметаат дека пресудата на Кафтанчиоглу е дел од репресијата на опозицијата на Ердоган пред претседателските избори следната година.