Илјадници мали фламинга угинале во Турција поради суша за која екологистите тврдат дека е предизвикана од климатската криза и земјоделското наводнување, пренесува „Гардијан“.
Според снимка од дрон, големо солено езеро во централниот турски реон Коња е исушено, а илјадници мали фламинга се угинати во засушената кал.
Езерото Туз, каде секоја година се раѓаат 10.000 пилиња е една од најголемите природни колонии за парење на птици во светот.
Екологистите и активистите сметаат дека сушата е предизвикана од практиките за наводнување кои ги користат локалните земјоделци, но и климатската криза.
Фотографот Фари Тунч кои фотографира природа изјавил дека водата од каналот кој се влева во езерото сега е пренасочен кон напојување на ниви.
„Ова е каналот кој доаѓа од Коња. Тој го напојува езерото Туз. Како што може да видите, вода не надоаѓа. Водата е запрена“, изјавил тој.
Оваа година во колонијата се испилиле само 5.000 јајца, додал Тунч, а наголем број од пилињата угинале поради недостаток на вода во делумно исушеното езеро.
Езерото Туз е специјано заштитен реон, со цел да се заштити биолошкиот диверзитет, природните и културолошките ресурси.
Шефот на турската оргнизација за заштита на природата, Дичле Туба Килич изјавил дека единствениот начин да се спречи масовната смртност на фламингата е да се сменат практиките на земјоделското наводнување во регионот.
Минатата година, водата во базенот била 4.5 милијардни кубни метри, но со сушата количината се намалила на 6.5 милијарди кубни метри, пренесува локална фондација за заштита на природата.
Турскиот министер за земјоделство Бекир Пекдемирли изјавил дека скоро 1.000 птици починале, но тој не го обвинува наводнувањето.
„Со помалку вода поради генерална суша, ја набљудувавме смртноста на малите фламинга кои не можеа да летаат. Не постои директна или индиректна врска помеѓу овој инцидент и локалните бунари, како и практиките за наводување“, изјавил тој.
Тој додал дека биле преземени неопходни мерки без да објасни за што станува збор.