Неколку илјади Суданци излегоа на улиците на Картум барајќи војската, која е на власт во земјата од октомврискиот пуч, да се врати во касарните, пренесува Н1. Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше „Војници во касарните“, „Безбедност“ и „Бесплатно здравство и школување“.
Поддржувачите на цивилните власти во Судан протестираат секоја недела од државниот удар кон крајот на октомври.
Пред повеќе од две години војската на Судан го собори од власт долгогодишниот автократски претседател Омар Ал-Башир, а потоа беше формирана воено-цивилната влада на премиерот Абдула Хамдок.
Потоа беше извршен втор пуч на 25 октомври годинава, а беше предводен од генералот Абдел Фатех ал Бурхан.
Судан е една од најсиромашните земји во светот, а продолжува да тоне во политички и економски хаос. Инфлацијата е речиси 200 отсто секој месец, валутата е во слободен пад, а цената на лебот е десеткратно зголемена по пучот.
Според податоците на Обединетите нации (ОН), на секој трет Суданец му е потребна хуманитарна помош.