Илјадници лица во вчера маршираа низ Истанбул, откако во земјата порасна сиромаштијата. „Euronews“ пренесува дека преку протестите се барало покачување на минималната плата.
Турција моментално се справува со рекордниот пад на лирата наспроти доларот, откако од почетокот на годината вредноста на валутата падна за 43 отсто.
Годишната инфлација се зголеми за над 20%, десеткувајќи ја куповната моќ на Турците.
Ердоган ова лето инсистираше дека каматните стапки мора да паднат, заземајќи го ставот дека високите стапки се еднакви на висока инфлација. Централната банка оттогаш ја намали главната каматна стапка, што предизвика сомнеж за нејзината независност.
Во својата последна одлука, Банката сугерираше дека е веројатно уште едно намалување во декември.
Ердоган, кој разреши тројца гувернери на централната банка од јули 2019 година, одби да прифати каква било одговорност за падот на лирата.
„Јас ги отфрлам политиките што ќе го осудат нашиот народ на невработеност, глад и сиромаштија“, рече турскиот претседател, предупредувајќи дека земјата е во „војна за економска независност“.
Керим Рота, кој е одговорен за економската политика во опозициската „Партија на иднината“, нагласил дека лирата ја трпи најтешката месечна девалвација од 1994 година и втора најлоша во последните 40 години.
„Ако достигне 14,25 за долар на крајот на месецот, ќе биде највисоко. Сега е надвор од контрола, јасно е да се види“, изјавил Рота за локалните медиуми.