Милијардерот Илон Маск и социјалната мрежа Твитер денеска потпишаа договор за продажба. Одборот на Твитер ја прифати понудата од Маск да ја купи компанијата за 44 милијарди долари.
Маск претходно понуди 43 милијарди долари за да купи 100% од акциите на компанијата. Тој тврди дека е вистинската личност да го „отклучи“ извонредниот потенцијал на компанијата за социјални мрежи.
„Слободата на говорот е основа на функционалната демократија, а Твитер е дигитален градски плоштад каде се дискутираат прашања од витално значење за иднината на човештвото“, рече Маск.
Тој предложи промени од ублажување на ограничувањата за содржина до искоренување на лажните профили.
Компанијата првично ја одби понудата на Маск, но сега ќе побара од акционерите да гласаат за договорот.
Маск е најбогатиот човек на светот, според магазинот „Форбс“, со проценета нето-вредност од 273.6 милијарди долари, воглавно поради неговиот удел во компанијата за електрични возила Тесла.
Тој најпрво купи 9.2 отсто од акциите на Твитер за околу 2.9 милијарди долари, со што постана најголемиот поединечен сопстевник на компанијата.