Само шест месеци по неговото контроверзно преземање на социјалната мрежа Твитер, Илон Маск именуваше нов извршен директор.
Милијардерот изјавил дека Линда Јакарино, поранешна шефица за реклами во „NBCUniversal“ (Ен-Би-Си Универзал) ќе надгледува деловните операции на платформата што, како што рекол, се бори да заработи пари. Според изјавата на Маск, кој на Твитер напиша дека тој сепак ќе остане на позицијата извршен претседател и шеф на технологијата, Јакарино ќе започне со работа за шест недели.
I am excited to welcome Linda Yaccarino as the new CEO of Twitter!@LindaYacc will focus primarily on business operations, while I focus on product design & new technology.
Looking forward to working with Linda to transform this platform into X, the everything app. https://t.co/TiSJtTWuky
— Elon Musk (@elonmusk) May 12, 2023
Маск кој минатата година го купи Твитер за 44 милијарди долари одреден период беше под притисок да најде нов директор со цел да се посвети на неговите други бизниси меѓу кои се и производството на електричните автомобили Тесла и ракетната компанија „Спејс Икс“.
Јакарино ќе стане редок пример за жена на директорска позиција на голема технолошка фирма, со оглед на тоа што помалку од 10% од 500 американски големи компании имаат жена на главната раководна функција.
По дипломирањето на Пен Стејт, Јакарино работела Тарнер Ентертејмент 15 години пред да се вработи во Ен-Би-Си Универзал, каде била вклучена и во лансирањето на стриминг платформата. Во рамки на нејзината работа таму препознаена е од големи брендови по што наоѓала начини за пласирање на производите на компанијата и убедување на други фирми да ги рекламираат дури и во склоп на телевизиски шоуа како „Сексот и градот“. Покрај тоа има остварено односи и со новите медиуми како Епл Њуз, Снепчет и Јутјуб.