Илон Маск, сопственикот на платофрмата „Х“, претходно позната како „Твитер“, најави дека платформата ќе ги плаќа правните сметки на сите корисници кои се неправедно третирани од нивните работодавци поради нивната активност на социјалната мрежа.
Тој рече дека финансиската поддршка од неговата платформа ќе биде „без лимит“ и им рече на корисниците да се обратат до „Х“ ако искусиле неправеден однос од работодавците поради нешто што го споделиле или „лајкнале“.
Кога Маск минатиот април објави дека ќе ја преземе платформата рече дека „слободата на говорот е основата на функционалната демократија и дека Твитер е дигиталниот плоштад каде се дебатираат прашања од витално значење за иднината на човештвото“.
Последно, фирмата што го поседува Твитер најави дека тужи организација која се залага за против ширење на омраза, поради истражување на организацијата во кое се критикува платформата.