Илон Маск, познатиот директор на мултимилијардерските компании „Тесла“ и „СпејсХ“ започна повторно да објавува музика, овојпат експериментирајќи со тотално нов музички жанр.
За разлика од неговиот рап експеримент „RIP Harambe“, новата песна е старошколска техно трака која е достапна на „Саундклауд“ под хаштагот „#Аниме“.
Маск тврдeл дека тој самиот го напишал текстот на песната, кој се состои од повторување на стихот „Don’t drop your vibe“ (Не го губи твојот „вајб“) и дека тој самиот е вокал. Не е баш лошо.
За да ги замолчи „хејтерите“, Маск објави и неколку фотографии од студиото на неговиот твитер профил. На сликите се гледа како тој стиска копчиња, однесувајќи се како диџеј и тотално е влезен во улогата. Како што може да забележите Елон го има променето своето име во „Е “D” M“, кованица од неговите иницијали и музичкиот жанр „EDM“ – (електронска „денс“ музика).
Vibbbe pic.twitter.com/21WKNOnMXZ
— E “D” M (@elonmusk) January 31, 2020
На „Саундклауд“ е прикачена целата дискографија на Маск, која засега се состои од двете горенавадени песни. Но нашиот „вајб“ вели дека јавноста може да очекува уште песни од овој изведувач.
Извор: Mashable