Илустрацијата на Кристина Карапеоска (Кристина Кик Флип) „Words can cut deeper than scissors can“ победи на конкурсот на Радио МОФ организиран во рамки на кампањата #ДаСеКликнеИлиНе.
На конкурсот, со кој се бараше визуелен приказ на темата „Слободата на изразување на интернет“ пристигнаа седум визуелни решенија. Пристигнатите решенија ги бодуваше Комисијата составена од Дејан Џолев – уметнички координатор на школата за дизајн и уметност „Џолев и уметностите“, Димитар Низамовски извршен директор на МОФ и Нина Мирчевска, координатоор на проекти на Радио МОФ.
Целта на конкурсот е да ја подигне свеста за важноста за вклучување на младите во општествено значајни прашања кои се значајни за унапредување на демократијата. Право на учество имаа сите млади на возраст од 15 до 35 години кои сакаат да понудат креативно решение на проблемот со слободата на изразување во онлајн просторот, дезинформациите, говорот на омраза, стравот или храброста јавно да се сподели нешто на социјалните мрежи, и воопшто интернет просторот. Идејата беше авторот да даде своја перспектива/размислување за овие теми преку изработка на меме, скица, цртеж, илустрација или друг вид на визуелен приказ преку кој може да се искаже себеси.
Кампањата #ДаСеКликнеИлиНЕ, е дел од „Проектот за младинско изразување“ финансиран од Европската Унија.
* Оваа содржина е изработена со помош на Европската Унија во рамките на Проектот за младинско изразување. За објавените содржини е одговорен Младински образовен форум и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.