Има ли култура во младинските културни центри низ земјава?

Nëse doni të lexoni tekstin në gjuhën shqipe, shtypni “Shqip” / За текстот на албански јазик кликнете „Shqip“

  • Иницијативата #НеГоЧепкајтеМКЦ и писмото со поддршка за МКЦ отвори врата со прашања за тоа што значи еден младински културен центар. Каква е општествената улога и функција и на останатите вакви домови низ земјава? Место за млади и не-толку-млади? За свирки, уметност, дружби, „вентил“ од дневнополитичко затупување? Треба ли со програмските определби домовите да продуцираат култура, да создаваат социјални врски, да бидат креативен двигател што ќе поттикнува прогресивни млади, за потоа бенефит да има и државата?

    Тони Димков, долгогодишен новинар од културата, вели дека кога на пребарувачот на „Гугл“ со кирилица ќе напишете „Младински културен центар“, ќе се појават два такви во Скопје и во Битола.

    „Со активностите и програмата на скопскиот МКЦ сум одлично запознаен и сметам дека тоа е моделот како еден младински центар треба да функционира. За МКЦ во Битола сум слушнал и знам дека имаат активности, но за жал, досега не сум бил во можност да го посетам центарот. Но, ако темата се однесува на културните домови што ги има низ целата држава и кои се изградени во претходниот систем, а руинирани во текот на транзицијата, процесот на нивно оживување ќе биде долготраен, скап и во неколку етапи“, смета Димков.

    Тони Димков

    Прво, нагласува тој, ќе треба да се утврди сопственоста на домовите (општина/град/држава), потоа да се направат проекти за нивна реставрација, па опремување со современа техника, за на крајот да можат да бидат простор каде ќе можат да се реализираа програми и активности на младински организации.

    Според Димков, се чини дека државата е многу крута кон обезбедувањето простор на организациите кои се занимаваат со младински активизам.

    „Полесно е да се донесе политичка одлука да се изградат нови културни центри, отколку да се реанимираат старите. Дополнителен проблем е административниот лавиринт од кој е, речиси, невозможно да се излезе. Дури и кога некоја младинска организација сака и може да најде средства за реанимација на некој од старите домови на култура се соочува со талкање по шалтери во обид да утврди до кого треба да го упати барањето за одреден простор да им биде даден на користење“, забележува Димков.

    Басистот од составот „Милко“ и радиоводител, Филип Поповски, вели дека се неспоредливо побројни поканите за свирка од клубовите, отколку од младинските центри/домови.

    „Во младински културни центри, освен во МКЦ Скопје, мислам дека немаме свирено на друго место. Зависи и албумот како ќе се промовира. Да зборуваме отворено, претходните два албума за разлика од овој беа многу поуспешни, па многу повеќе не’ канеа. Поголема е стапката за викање на клубовите од домовите. Ама, не значи дека општинските изведби, фестивалите со поддршка од општините не се присутни. Напротив, на тој начин повеќе свириме. Пример, ќе ти речат ‘дојди свири во Штип на плоштад’, наместо ‘дојди во домот’“, нагласува Поповски.

    Смета дека младинските центри треба да бидат поангажирани од клубовите. За него, финансиите што ќе ги даде општината и средствата од газда на кафуле се неспоредливи.

    Филип Поповски

    „Бидејќи, од една страна, горе-долу работиш со државни пари преку општински центри, а ова се приватни пари на локалот“, потенцира тој.

    Според Поповски, културните центри си ја имаат дејноста во самото име. Покрај тоа што ќе дојдеш и свириш 45 минути, или саат време, вели тој, треба да имаат поширока информативна улога. Пример, се случува фестивал, доаѓаат бендови, се собира аудоториум, па оттука прашува – зошто да не се направи плато со историјат на македонска музика?

    „Стави едно табло пред влез. Тие се тие групи, листа со информации, времеплов, влијанија по стилови, па андерграунд и алтернативни бендови… Не значи дека ако има некој фестивал, мора да се фокусира само на музика. Баш бидејќи е културен центар, треба да се стави акцент на културата и повеќе да допреме до публиката. Ние си го знаеме нашиот круг, како течат работите, но публиката не е инволвирана, информирана, задоволена. Да дознае повеќе работи, да може да постави прашање, да дискутира, да ја анализира културата. Така ги замислувам домовите“, вели младиот Поповски.

    Петар Младеновски од „Суперхикс“, дел и од иницијативата „За културна Македонија“, вели дека самиот назив кажува се’: младински културни домови. Функцијата која одамна ја изгубиле, вели тој, е културно да ги едуцираат младите.

    „За жал, повеќето од нив не само што ја имаат загубено својата функција, туку и воопшто не се во функција. Се сеќавам на една турнеја далечната 2002 (ако не се лажам) заедно со групата ‘Бла Бла Бла’, тогаш настапивме во десетина домови на културата низ државава. Мислам дека повеќето од нив ниту се веќе во употреба или се пренаменети во нешто друго“, нагласува Младеновски за Радио МОФ.

    Петар Младеновски

    Кога станува збор за добар пример за функционирање на младинските културни домови, тој ја споменува Словенија која има свое „МЦ“ речиси во секој град, па дури и по селата.

    „Нема да заборавам дека неколкупати настапувавме на пример во едно МЦ во Руше, село до Марибор кое има свој дом и клуб во склоп за истиот. Неверојатно е само како фунционира таа мрежа на домови таму и како сите соработуваат и ја уживаат вистинската ‘културна децентрализација’, која кај нас ниту се случува, ниту ќе се случи како што ми изгледа…“, смета членот на „Хикси“, автор и на емисијата „Пецетека“.

    За жал, нагласува тој, и покрај Националната културна стратегија која предвидува моменти на развој и реактивирање на младинските, и воопшто културните домови низ републиката, и покрај бројните дебати за децентрализација на културата, токму преку нивно програмско активирање и заживување во поглед на филм, музика, сликарство и сл., сепак, Младеновски потенцира дека на терен нема никакви промени.

    „Живееме во постојан кулурен регрес и општа ‘цицоестрадизација’. А, не се потребни многу средства за тоа, ама чуму ни е кога имаме преноси од парламентарни комисии и расправи и ‘Задруга’ на националните ТВ-а, нели?! Секоја чест на исклучоците како домот за култура во Кавадарци или МКЦ во Скопје и пар други културни центри. На прсти се бројат“, потенцира Пеце Младеновски.

    Кристина Леловац, актерка и доцент на Факултетот за драмски уметности, ги коментира обидите за менување на фокусот на општествената дебата која ја отвори иницијативата #НеГоЧепкајтеМКЦ.

    Кристина Леловац

    „Од расправа за девастирачките ефекти на партизацијата во културата –  на која се само симптом партиските притисоци во постапката за избор на директор на Младинскиот културен центар во Скопје, во расправа за програмите кои ги предлагаат кандидатите за оваа раководна позиција, ја сметам за неуспешен спин на пропагандниот апарат на власта. Сепак, од друга страна, охрабрувачки е потенцијалот на #НеГоЧепкајтеМКЦ за отворање поширока и продлабочена расправа за состојбите во културата, по разорните удари кои на овој општествен столб му го нанесе политиката на ВМРО и во услови на владеење на гарнитура која дојде на власт ветувајќи дека со таквите политики засекогаш ќе се расчисти. Особено важен дел од таа расправа е општествената релевантност на програмите на јавните културни установи, меѓу кои се и младински културни центри“, вели Леловац за Радио МОФ.

    Иманентно на младинските културни центри, нагласува таа, е креирањето нови модели на културно делување, кои се потпираат на дистрибуција на знаења, критичко промислување, но и на солидарност, поддршка и прегрнување на различностите.

    „Тие (би требало да) се урбани културни јадра, кои нудат разновидна современа културно-уметничка програма која поттикнува градење публика сензибилизирана за критичко промислување на културата и општеството воопшто. Одговорност на оние кои ги раководат е суштински да го разбираат еманципаторскиот потенцијал на културата, за што е неопходно соодветно образование од областа на културниот менаџмент, долгогодишно искуство во културниот сектор, но и блиска соработка со независната културна сцена која е главен генератор на вакви програми“, потенцира Леловац.

    Продолжува:

    Како функционираат младинските културни центри


    Бојан Шашевски

  • Vallë ka kulturë në qendrat kulturore rinore në vendin tonë?

    Iniciativa #MosEPrekniQKR (#НеГоЧепкајтеМКЦ) dhe letra me mbështetjen për QKR hapi derën me pyetje në lidhje me atë se çfarë do të thotë një qendër kulturore rinore.  Cili është roli shoqëror dhe funksioni i shtëpive të tjera të këtilla, në vendin tonë? Vend për të rinj dhe për jo aq të rinj? Për ahengje, art, shoqërim, “ventil” për ngufatjen nga politika ditore?  Vallë duhet me përcaktime programore, shtëpitë e kulturës të prodhojnë kulturë, të krijojnë lidhje sociale, të jenë promotor kreativ që do të inkurajojë të rinj progresiv, që më pas përfitim të ketë edhe shteti?

    Toni Dimkov, gazetar shumëvjeçar nga sfera e kulturës, thotë se kur në kërkuesin “Gugll” në alfabetin cirilik do të shkruani “Qendra kulturore rinore”,  do të paraqiten dy të këtilla në Shkup dhe Manastir.

    “Me aktivitetet dhe programin e QKR në Shkup jam  njoftuar në mënyrë të shkëlqyer dhe konsideroj se ai është modeli se si duhet të funksionojë një qendër rinore. Për QKR në Manastir kam dëgjuar dhe e di se kanë aktivitete, por për fat të keq, deri tani nuk kam pasur mundësi ta vizitoj qendrën.  Por, nëse tema është në lidhje me shtëpitë e kulturës që gjenden në të gjithë shtetin dhe të cilat janë ndërtuar gjatë sistemit të kaluar, ndërsa janë shkatërruar gjatë tranzicionit, procesi i ringjalljes së tyre do të jetë i gjatë, i shtrenjtë dhe do të zhvillohet në disa etapa”, konsideron Dimkov.

    Fillimisht, thekson ai, do të duhet të përcaktohet pronësia e shtëpive ( komuna / qyteti/ shteti), pastaj të bëhen projekte për restaurimin e tyre, pastaj pajisja me teknikë moderne, që në fund të jenë hapësirë ku do të mund të realizohen programe dhe aktivitete të organizatave rinore.

    Sipas Dimkov, duket se shteti është shumë jo fleksibil në drejtim të sigurimit të hapësirës së organizatave të cilat merren me aktivizëm rinor.

    “Është më lehtë të merret vendim politik të ndërtohen qendra të reja kulturore, sesa të re animohen të vjetrat.  Problem plotësues është labirinti administrativ nga i cili, pothuajse është e pamundur të dilet.  Madje edhe kur ndonjë organizatë rinore dëshiron dhe mund të gjejë mjete për re animim të ndonjë shtëpie të kulturës të vjetër, përballet me bredhje nëpër sportele në përpjekje të përcaktojë kujt duhet t’ja adresojë kërkesën që hapësirë e caktuar tu jepet në përdorim”, thotë Dimkov.

    Basisti i grupit “Millko” dhe udhëheqës, Filip Popovski, thotë se janë pa krahasueshëm më të numërta ftesat për ahengje nga klubet, sesa nga qendrat / shtëpitë rinore.

    “Në qendrat kulturore rinore, përveç në QKR Shkup, mendoj se nuk kemi bërë muzikë në vend tjetër.  Varet edhe si do të promovohet albumi.  Të flasim hapur, dy albumet paraprake për dallim nga ky ishin më të suksesshëm, kështu që na ftonin më tepër.  Është më e lartë shkalla e ftesave në klubet sesa në shtëpitë.  Mirëpo, nuk do të thotë se performacat në komuna, festivalet me mbështetjen e komunave nuk janë të pranishme.  Përkundrazi, në këtë mënyrë bëjmë më tepër muzikë. Për shembull, do të thonë “hajde bëj muzikë në Shtip, në shesh”, në vend “hajde në shtëpinë e kulturës”, thekson Popovski.

    Konsideron se qendrat kulturore duhet të angazhohen më tepër sesa klubet.  Për të, financat që do t’i japë komuna dhe mjetet e pronarit të kafeterisë nuk mund të krahasohen.

    “Për shkak se nga njëra anë, lart – e poshtë punon me para shtetërore nëpërmjet qendrave komunale, ndërsa këto janë para private të lokalit”, thekson ai.

    Sipas Popovski, qendrat kulturore e kanë veprimtarinë në emër të tyre.  Përpos asaj që do të vish dhe do të bësh muzikë për 45 minuta, ose një orë, thotë ai, duhet të kenë rol më të gjerë informativ.  Për shembull, ndodh festival, vijnë bende, mblidhet auditori, dhe së këndejmi pyet – pse mos bëhet plato me historinë e muzikës maqedonase?

    “Vendos një tabelë para hyrjes.  Këto janë ato grupe, lista e informacioneve, lundrim në kohë, ndikime sipas stileve, pastaj andergranund dhe brende alternative … Nuk do të thotë se nëse ka ndonjë festival, duhet të fokusohet vetëm në muzikë.  Pikërisht për shkak se është qendër kulturore, theks duhet të vihet mbi kulturën dhe të prekim më tepër tek publiku.  Ne e dimë rrethin tonë, si rrjedhin punët, por publiku nuk është i involvuar, informuar, i kënaqur.  Të kuptojë më tepër gjëra, të mund ta parashtrojë pyetje, të diskutojë, të analizojë kulturën.  Kështu i imagjinoj shtëpitë”, thotë i riu Popovski.

    Petar Mlladenovski nga “Superhiks”, pjesë e iniciativës “Për Maqedoni kulturore”, thotë se vetë titulli tregon gjithçka:  shtëpi kulturore rinore.  Funksioni të cilin ka kohë që e kanë humbur, thotë ai, është t’i edukojnë të rinjtë nga aspekti kulturor.

    “Për fat të keq, shumica e tyre jo vetëm që e kanë humbur funksionin e vet, por edhe nuk janë në funksion aspak.  Më kujtohet një turne në vitin e largët 2002 ( nëse nuk gabohem) së bashku me grupin “Blla Bla Blla”, atëherë performuam në dhjetëra shtëpi të kulturës në shtet.  Mendoj se shumica e tyre as që janë më  në përdorim ose janë ri dedikuar në diçka tjetër”, thekson Mlladenovski për Radio MOF.

    Kur bëhet fjalë për shembull të mirë për funksionimin e shtëpive kulturore rinore, ai e përmend Slloveninë e cila ka “QR” të saj, pothuajse në çdo qytet, madje edhe nëpër fshatrat.

    “Nuk do të harroj se disa herë performuam për shembull në një QR në Rushe, fshat afër Mariborit i cili ka shtëpinë e vet dhe klub në përbëre të tij.  Është e jashtëzakonshme si funksionon ai rrjet i shtëpive atje dhe si të gjithë bashkëpunojnë dhe e gëzojnë “decentralizimin e vërtetë kulturor” e cila  tek ne as qe ndodh, as që do të ndodhë mesa duket…” konsideron anëtari i “Hiksi“, autor i emisionit “Peceteka”.

    Për fat të keq, thekson ai, edhe përpos Strategjisë Nacionale Kulturore e cila parashikon momente të zhvillimit dhe riaktivizimit të shtëpive rinore në përgjithësi shtëpive kulturore në republikë, edhe përpos debateve të shumta për decentralizimin e kulturës, pikërisht nëpërmjet aktivizimit të tyre programor dhe ringjalljes në drejtim të filmit, muzikës, pikturës dhe ngjashëm, megjithatë Mlladenovski thekson se në teren nuk ka aspak ndryshime.

    “Jetojmë në regres kulturor të vazhdueshëm dhe “cicoestradizim” të përgjithshëm.  Ndërkaq, nuk nevojiten shumë mjete për këtë, por ama pse na duhen kur kemi transmetime nga komisione parlamentare dhe diskutime dhe “Kooperativë” në TV-të nacionale, apo jo?! Ju qoftë për nder përjashtimeve si shtëpia e kulturës në Kavadar ose QKR në Shkup dhe një sërë qendra të tjera kulturore. Në gishta numërohen”, thekson Pece Mlladenovski.

    Kristina Llellovac, aktore dhe docent në Fakultetin për Art dramaturgjik, i komenton përpjekjet për ndryshimin e fokusit të debatit shoqëror, të cilin e hapi iniciativa #MosEPrekniQKR.

    “Nga diskutimi mbi efektet shkatërruese nga partizimi në kulturë – në të cilën janë vetëm simptomë presionet partiake gjatë procedurës për zgjedhjen e drejtorit të Qendrës Kulturore Rinore në Shkup, në dskutimin për programet të cilat i propozojnë kandidatët për këtë pozitë udhëheqëse, e konsideroj si të pa suksesshëm spinin e aparatit propagandistik të pushtetit.  Megjithatë, nga ana tjetër, inkurajues është potenciali i #MosEPrekniQKR për hapjen e debatit më të gjerë dhe më të thellë në lidhje me gjendet në kulturë, pas sulmeve shkatërruese të cilat kësaj shtylle shoqërore ia shkaktoi politika e VMRO-së dhe në kushte të qeverisjes së garniturës e cila erdhi në pushtet duke premtuar se përgjithmonë do të pastrojë punë nga politikat e këtilla. Pjesë në veçanti e rëndësishme nga ky debat është relevanca shoqërore e programeve të institucioneve publike kulturore, ndër të cilat janë edhe qendrat kulturore rinore”, thotë Llellovac për Radio MOF.

    Imanente për qendrat kulturore rinore, thekson ajo, është krijimi i modeleve të reja të veprimit kulturor, të cilat bazohen mbi shpërndarjen e dijeve, mendimin kritik, por edhe solidaritetin, mbështetjen dhe përqafimin e diversiteteve.

    “Ato ( do të duhet të) janë bërthama kulturore urbane, të cilat ofrojnë program të ndryshëm modern kulturor – artistik, i cili inkurajon ndërtimin e publikut sensibilizues ndaj mendimit kritik të kulturës dhe shoqërisë në përgjithësi.  Përgjegjësi e atyre që i udhëheqin është në mënyrë esenciale të kuptojnë potencialin emancipues të kulturës, për çka nevojitet arsim përkatës nga fusha e menahximit kulturor, përvojë shumëvjeçare në sektorin e kulturës, por edhe bashkëpunim i ngushtë me skenën e pavarur kulturore, e cila është gjeneratori kryesor i programeve të këtilla”, thekson Llellovac.

    Vazhdon: Si funksionojnë Qendrat kulturore rinore ( çfarë kanë të thonë drejtuesit / komunat për shtëpitë e kulturës)

    Bojan Shashevski

    *Kjo përmbajtje është punuar me ndihmën e Bashkimit Evropian, në kuadër të Projektit për shprehje rinore.  Për përmbajtjet e publikuara është përgjegjës Forumi Rinor Arsimor dhe të njëjtat domosdoshmërish nuk i reflektojnë qëndrimet e Bashkimit Evropian.

* Оваа содржина е изработена со помош на Европската Унија во рамките на Проектот за младинско изразување. За објавените содржини е одговорен Младински образовен форум и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.