Како функционираат чет-ботовите, од каде ги црпат информациите и како одлучуваат кој е вистинскиот одговор на нашето прашање? Каде овие јазични модели во моментов наоѓаат најголема примена? Кои прашања треба да знае еден чет-бот да ги одговори, а кои не? И можеби најважно, кои се етичките дилеми што ги отвора сè поголемата достапност на чет-ботовите?
Ова се дел од прашањата кои ќе бидат отворени на дебатата „Има ли разбирачка со чет ботови“ која ќе се одржи на 22 февруари, среда, во „Јавна соба“.
Со почеток од 18 часот, дебатата е организирана од Фондација „Метаморфозис“ и е од отворен тип за сите млади лица.
Сите заинтересирани треба да го пополнат формуларот за регистрација.
Од „Метаморфозис“ посочуваат дека наскоро ќе бидат објавени и говорниците на настанот, кои ќе зборуваат за најважните и најинтересните прашања поврзани со чет-ботовите ќе бидат објавени деновиве.
Организаторите напоменуваат дека настанот ќе биде фотографиран и пренесуван во живо на Фејсбук профилот на Фондација Метаморфозис.