Министерот за здравство Арбен Таравари именуваше нови в.д. медицински директори на 12 јавни здравствени установи.
Нов директор на Универзитетската клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ е д-р Небојша Настов, на клиниката за уво, нос и грло е д-р Игор Камшикоски, а д-р Катерина Дамевска е новата директорка на Унивезитетската клиника за дерматологија. Додека пак, Универзитетскиот институт за радиологија ќе го раководи д-р Соња Николова.
Понатаму, д-р Ирена Алексиоска – Папастиев е поставена за нова директорка на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, д-р Славица Арсова-Хаџиангеловска ќе ја раководи Универзитетската клиника за психијатрија, а на клиниката за гастроентерохепатологија нова директорка е д-р Мери Трајковска.
За нов директор на Универзитетската клиника за нефрологија е именуван д-р Никола Ѓоргиевски, а клиниката за ревматолофија ќе ја раководи д-р Емилија Сандевска.
На клиниката за ендокринологија, дијабетес и метаболични нарушувања за директор е именуван д-р Танер Хасан, а д-р Злате Мехмедовиќ е директор на Универзитетската клиника за физикална медиција и рехабилитација.
Во меѓувреме, Таравари го именува и д-р Арѓент Муча за директор на Општата болница „Д-р Ферид Мурад“ во Гостивар.