„Ин Номине“ на поетот Стефан Марковски ќе биде промовирана во Гевгелија

Поетската книга „Ин Номине“ (In Nomine) од Стефан Марковски ќе биде промовирана на 17 март (петок), во 13 часот, во хотел „Аполонија“ во Гевгелија. Збирката е дел од едицијата „Ѓерѓеф“ на издавачката куќа „Македонска реч“ од Скопје и вклучува четириесет и една песна.

Третата Марковски, ќе биде промовирана од Ефтим Клетников, кој е и нејзин рецензентот. За „In Nomine“ тој во својот осврт забележува: „Во ’Ин Номине‘ Стефан Марковски не ја следи главната поетичка структура на неговата генерација, во која доминира иронијата како основна стилска фигура и светоглед на реалноста. Напротив, тој е склон кон чисто лирскиот асоцијативен тип поезија“.

 

Поетот е, вели Клетников, аргонаут кој пребарува низ своето битие и во неговите длабочини го бара златното руно на своето јаство. Тоа се неговите сугестивни стихови, кои ни откриваат еден навистина оригинален и драгоцен поет во современата македонска поезија.

Марковски во декември минатата година ја објави и промовираше својата четврта поетска збирка насловена „Сиво сјаат вселените“, со која е добитник на наградата „Бели мугри“ на Домот на култура „Кочо Рацин“ за необјавена поетска книга од автор до 35-годишна возраст.