Во Индија е претставена највисоката статуа на светот. Таа го претставува ликот на познатиот лидер за независност Сардар Валаббах Пател.
Висока над 180 метри, ја надминува досега највисоката статуа на светот за Буда во Кина.
Статуата ја претстави премиерот Нарендра Моди во индиската држава Гуџарат, За нејзината изградба биле одвоени повеќе од 500 милиони евра. Ова, пак, предизвика бурни реакции меѓу јавноста.
Самото откривање на статуата помина со зголемена безбедност, бидејќи граѓани најавија протести.