Индискиот врховен суд повика на воведување карантин за загадувањето во главниот град Њу Делхи за да го заштити населението од токсичниот смог.
Квалитетот на воздухот во главниот град последните недели е драстично зголемен, а судиите наредија властите да ги забранат сите патувања кои не се неопходни и да се затворат работните места.
Доколку се воведе ваквиот карантин милиони луѓе ќе бидат принудени да работат од дома, а сè уште не е јасно колку долго тој може да трае.
Училиштата веќе се затворени една недела за да се избегне децата да го дишат загадениот воздух.
Њу Делхи, во кој живеат 20 милиони луѓе, е меѓу водечките градови во светот според аерозагадувањето поради опасните емисии од фабриките и сообраќајот, како и поради чадот од палење на земјоделски земјишта.
Според министерот Арвинд Кеџривал, задолжен за главниот град, владата ќе ја разгледа одлуката на врховниот суд откако ќе се консултира со сите засегнати страни.
„Карантини поради загадувањето се немаат случено никогаш претходно. Тоа ќе биде екстремен чекор“, вели тој.
Во саботата, нивоата на ПМ 2,5 честичките во градот надминале 300 микрограми на метар кубен, што е 10 пати повеќе од максималното дневно ниво дозволено од Светската здравствена организација.