Индиска двојка изнајмила патнички авион за да направи венчавка на која присуствувале 160 гости, со која ги нарушила рестрикциите за коронавирусот, пренесува „Ал Џазира“. За ваквиот потег надлежните наредија истрага и го суспендираа екипажот на авионот, соопштија официјални лица.
Порадиот новиот брутален бран на коронавирусот со кој се соочи Индија, каде до пред два дена беа забележани 300 илјади смртни случаи, повеќето сојузни држави дозволуваат само 50 гости на венчавки, но во авионот за време на венчавката се наоѓале 161 пријатели и роднини на младенците.
Двојката која не е именувана, се венчала додека авионот прелетувал над историскиот храм Менакши Аман, аџкој се движел во правец од Мадураи до Бенгалуру.
A couple tied the knot on-board a chartered flight from Madurai, Tamil Nadu. Their relatives & guests were on the same flight.
“A SpiceJet chartered flight was booked y’day from Madurai. Airport Authority officials unaware of the mid-air marriage ceremony,” says Airport Director pic.twitter.com/wzMCyMKt5m
— ANI (@ANI) May 24, 2021
На социјалните мрежи беа објавени видео-снимки и фотографии од прославата. На нив се гледаат луѓе со цвеќиња околу главите како прават селфи.
Со повеќе од 27 милиони случаи вкупно регистрирани на Ковид-19 во земјата, болниците во Индија се пренатрупани, а некои сојузни држави воведоа строг карантин изминатите шест недели.