Онлајн агрегаторот на такси компании Ola во Индија започна иницијатива која нуди бесплатен превоз со кајче за да се спасат жителите во поплавените краеви на Ченаи.
Кајчињата се користат за добавка на храна и вода за пиење во областите каде нема основни услови за живот.
Секој чамец го управуваат двајца професионални веслачи, а може да пренесува пет до девет патници. Чамците се снабдени со чадори за патниците, и опрема за на дожд за веслачите. За разлика од вообичаените услуги на Ola, чамците не можат да бидат резервирани преку апликација или веб страница, туку оперираат само во погодените области.
Услугите ќе важат и наредните три дена, и можеби ќе бидат продолжени во однос на врнежите во денот. Ola соработува со Противпожарната служба на Тамил, за да добиваат информации во погодените области, како и со Компанијата за спортски риболов на Ченаи за веслачи.
Ola е најголем ривал на Uber во Индија, и ги нуди своите услуги во 100 градови.
Planning to book #OlaBoat to reach office 2Maro. #chennairains #venkatweetz pic.twitter.com/PWjLLkQEd1
— Venkatesh Krishna (@venkatweetz) November 15, 2015
So, @Olacabs did send out boats to rescue people trapped in floods. Hats off to the team! #OlaBoat pic.twitter.com/O2IGGu8GpN
— Sai Shyam G (@SaiShyamG) November 17, 2015
Hey, @Uber_India when are you starting a service like #OlaBoat?? #UberYacht
— Bilquis Rayeen (@BilquisRayeen) November 17, 2015
Извор: Mashable