Nëse doni të lexoni tekstin në gjuhën shqipe, shtypni “Shqip” / За текстот на албански јазик кликнете „Shqip“
-
Владата усвои Програма за намалување на аерозагадувањето, за која во Буџетот за следната година ќе бидат предвидени 98 милиони денари, односно 1,6 милиони евра. Дополнителни средства во овој фонд треба да се обезбедат од донаторска конференција.
Заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули образложувајќи го двогодишниот план, рече дека тој треба да го преполови аерозагадувањето во Македонија. Основното начело на Програмата е справување со изворите на загадување – како домашното затоплување, транспортот, индустријата, градежништвото, урбаното зеленило и отпадот, додека како приоритетни компоненти се посочени мониторингот, инспекциите, јавни кампањи и законски измени.
Помеѓу планираните мерки кои треба да доведат до почист воздух беа посочени субвенции за поеколошко затоплување на домаќинствата и поеколошки транспорт, намалување на ДДВ за испорачаната топлинска енергија од 18 на 5 проценти, зазеленување, стимулирање зелени кровови и други мерки…
Сепак, за да ги ставиме овие 1,6 милиони евра во некаков контекст, се одлучивме да ги споредиме со неколку други буџетски трошоци, некои од нив прилично контроверзни и критикувани од јавноста:
-
8,4 милиони евра годишно за плати, од кои многумина не одат на работа
БИРН истражуваше дека за плати и надоместоци во Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор за осум години, од 2009 до 2017 година биле потрошени над 67 милиони евра. Секретаријатот во јавноста е препознатлив како институцијата каде се водат вработените административци кои не одат на работа, ама земаат плата. Доколку сумата се подели за секоја година, оваа институција исплаќала по 8,4 милиони евра секоја година за плати на вработените.
-
3,7 милиони евра за машини за лотарија
Државната видеолотарија на Република Македонија во април оваа година склучила договор со кој за 7,4 милиони евра ќе набавува видео лотариски терминали, во времетраење од две години, од компанијата „Euro Games Technology Ltd“ од Бугарија. Во деталите на јавната набавка стои дека ќе се набават најмногу 1.700 лотариски терминали, а доколку целата сума се подели на половина тоа значи дека за оваа набавка се предвидени да се платат околу 3,7 милиони евра годишно.
-
3,5 милиони евра за Референдумот
За спроведување на Референдумот околу договорот меѓу Македонија и Грција беа издвоени 3,5 милиони евра од Буџетот и префрлени на сметката на Државната изборна комисија. Средствата беа обезбедени преку пренамена на пари од министерствата. Околу 160 илјади евра се скратија од Министерството за животна средина и просторно планирање. Половина од овие пари се одземени од од потпрограмата „мониторинг и заштита од аерозагадување“, поточно ставката „купување на опрема и машини“.
-
2,7 милиони евра плус за политичките партии
Во јули, пратениците во македонското Собрание едногласно, со 101 глас „за“, ги усвоија измените на Законот за финансирање на политичките партии со кој политичките партии годишно наместо 0,06% ќе добиваат 0,15% од државниот Буџет. Зголемување од 1,8 на 4,5 милиони евра, односно 2,7 милиони евра повеќе. Со измените во Законот за финансирање на политички партии се предвидува и дека партиите ќе можат да се финансираат и од кредити, а ќе можат да поседуваат и земјиште, нешто што не беше дозволено со стариот закон.
-
2,5 милиони евра за одржување хигиена на државните објекти
Владата во септември склучи договор од 454 милиони денари со две компании за одржување хигиена и тековно одржување на објекти од државната управа во следните три години. Тоа значи дека годишно за оваа намена ќе се трошат по 2,46 милиони евра. Јавната набавка ја добија компаниите „БАПАЛ Благој ДООЕЛ“ и „СЕРТА ДООЕЛ“.
-
2,4 милиони евра за индустриска сол
Јавното претпријатие „Македонија пат“ набавила индустриска сол за зимското одржување на патиштата за износ од 2.43 милиони евра. Договорот го добила фирмата „Димакс Рудници ДООЕЛ“ од Сопотница, а со него се предвидува испорака на 15.000 тони индустриска сол во прва фаза и дополнителни 6.500 тони во зависност од потрошувачката.
Плус шест Бонуси:
-
2,6 милиони евра за градежно занатски и инсталатерски работи за одржување на УЕФА Супер купот во Скопје
Договорот е склучен во септември 2016 година, за време на претходниот состав на Владата, па затоа го ставаме меѓу бонусите. Зделката од 2,64 милиони евра ја добива „Виа Инжинеринг ДОО“ од Вевчани по нарачка на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката за Градежни, градежно занатски и инсталатерски работи за обезбедување услови за одржување на УЕФА Супер Купот во фудбал во Август 2017 година на Национална Арена Филип II Македонски во Скопје.
-
1,5 милиони евра за полимерните банкноти
Народна Банка на Република Македонија во септември минатата година склучи договор од 89,6 милиони денари, или скоро 1,5 милиони евра со британската компанија „De La Rue International Limited“ за изработка на полимерни банкноти.
-
1,3 милиони евра за судскиот процес „Диво Насеље“
Судскиот процес „Диво Насеље“ чинел 1,3 милиони евра соопштиле од судот пред две години. Големите трошоци се припишувале на ангажирањето на специјалните единици на МВР за транспорт и асистенција, трошоците за бензин и керозин, за фактури за вештачења, за судски преведувачи и за обдукцијата на загинатите полицајци во акцијата. Минатата година при изрекување на пресудата, медиумите пренесоа дека осудените треба да надоместат трошоци од околу 211 илјади евра.
-
1,3 милиони евра за Кампања за Референдумот
На 84-тата седница Владата одлучи 80 милиони денари од буџетската резерва да се стават на располагање на Собранието за спроведување кампања за Референдумот за македонско-грчкиот договор.
-
1 милион евра за физичко обезбедување на објектите на државната управа
Владата пред еден месец склучи тригодишен договор за физичко обезбедување на објектите на државната управа за скоро 189 милиони денари, нешто над 1 милиони евра годишно со компанијата „Никоб ДОО“. Со договорот, покрај Службата за општи и заеднички работи на Владата ќе се обезбедува и МРТВ, објектот на судски вештачења, Бирото за метеорологија и 30-тина подрачни единици на министерствата низ Македонија.
-
470.000 евра за одржување на јавно осветлување и градски часовници
Град Скопје пред две недели склучиле договор со компанијата „Електроизградба ДООЕЛ“ вреден 35 милиони денари за едногодишно одржување на јавното осветлување и градски часовници во надлежност на градот и изведба на времени приклучоци.
*Напомена: Сите цени од јавните набавки кои ги користевме се со вкалкулиран ДДВ, додека претворањето во евра е вршено по курс 1 евро – 61,5 денари.
***
Аерозагадувањето низ Македонија последниве 24 часа, за прв пат оваа недела, е во рамки на максимално дозволените граници. Претходните седум дена на сите мерни станици низ земјава загадувањето на воздухот со штетните ПМ-10 честички се движеше меѓу два до три пати над максимално дозволената граница, додека пиковите на некои места стигаа и до шест пати над максимумот.
Според научното истражување на Мирјана Димовска и Драган Ѓорѓев експерти од Институтот за јавно здравје и професори на Медицинскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, аерозагадувањето е директен причинител за 1.903 прерани смртни случаи во Македонија годишно.
„Ако граничните вредности се усогласат со оние на Европската Унија, ќе бидат спасени 908 животи, а ако се постигне препорачаното максимално ниво од Светската здравствена организација, ќе се спасат 1.547 животи“, стои во трудот на Димовска и Ѓорѓев.
Владиниот план вчера беше критикуван од О2 иницијативата за чист воздух, кои порачаа дека се „срамни залажувањата и лажното прикажување на борбата против аерозагадувањето“.
Даниел Евросимоски
-
-
Kripa industriale dhe makina për lotari – 6 gjëra të cilat kushtojnë më shumë sesa plani qeveritar kundër ndotjes së ajrit
Qeveria miratoi Program për zvogëlimin e ndotjes së ajrit, për të cilën në Buxhetin për vitin e ardhshëm do të parashihen 98 milion denarë, respektivisht 1,6 milion euro. Mjete plotësuese në këtë fond duhet të sigurohen nga konferenca donatorësh.
Zëvendës ministri i Mjedisit Jetësor dhe Planifikimit Hapësinor, Jani Makraduli duke e arsyetuar planin dy vjeçar, tha se ai duhet të përgjysmojnë ndotjen e ajrit në Maqedoni. Parimi themelor i Programit është përballja me burimet e ndotjes – siç janë ngrohja e shtëpive, transporti, industria, ndërtimtaria, gjelbërimi dhe mbeturinat urbane, ndërsa si komponent me prioritet janë përmendur monitorimi, inspektimet, fushatat publike dhe ndryshimet ligjore.
Në mesin e masave të planifikuara të cilat duhet të rezultojnë me ajër më të pastër u përmendën subvencionet për ngrohjen më ekologjike të shtëpive dhe transportin më ekologjik, zvogëlimin e TVSH për energji të ngrohjes së shpërndarë nga 18 në 5 për qind, gjelbërim, stimulimin e çative të gjelbra dhe masa të tjera…
Megjithatë, që t’i vendosim këto 1,6 milion euro në kontekstin e duhur, vendosëm t’i krahasojmë me disa shpenzime të tjera buxhetore, disa prej tyre mjaft kontraverse dhe të kritikuara nga qytetarët:
8,4 milion euro në vit për paga, për ata që nuk shkojnë në punë.
BIRN hulumtoi se për paga dhe kompensime në Sekretariatin për Implementimin e Marrëveshjes Kornizë për tetë vite nga viti 2009 deri në vitin 2017 janë shpenzuar mbi 67 milion euro. Sekretariati në publik njihet si institucion ku janë të regjistruar dhe udhëhiqen të punësuarit administratorë të cilët nuk shkojnë në punë, por pranojnë paga. Nëse shuma ndahet për çdo vit, ky institucion paguan nga 8,4 milion euro çdo vit për paga dhe kompensime për të punësuarit.3,7 milion euro për makina për lotari
Video lotaria shtetërore e Republikës së Maqedonisë në prill të këtij viti ka lidhur marrëveshje me të cilën për 7,4 milion euro do të furnizojnë video terminale për lotari, në kohëzgjatje prej dy vjet, nga kompania „Euro Games Technology Ltd“ nga Bullgaria. Në detajet e furnizimit publik thuhet se do të furnizohen më së shumti 1.700 terminale për lotari, ndërsa nëse shuma e plotë ndahet në gjysmë kjo do të thotë se për këtë furnizim janë parashikuar të paguhen rreth 3.7 milion euro në nivel vjetor.
3,5 milion euro për Referendumin
Për zbatimin e Referendumit rreth Marrëveshjes ndërmjet Maqedonisë dhe Greqisë u akorduan 3,5 milion euro nga Buxheti dhe janë transferuar në llogarinë e Komisionit Shtetëror të Zgjedhjeve. Mjetet u siguruan nëpërmjet ri dedikimit të parave nga ministritë. Rreth 160 mijë euro u shkurtuan nga Ministria e Mjedisit Jetësor dhe Planifikimit Hapësinor. Gjysma e atyre parave janë marrë nga nën programi “monitorim dhe mbrojtje nga ndotja e ajrit”, më saktë nga zëri “blerja e pajisjeve dhe makinave”.
2,7 milion euro plus për partitë politike
Në korrik, deputetët në Kuvendin e Maqedonisë unanimisht me 101 vota “për”, i miratuan ndryshmet në Ligjin për financimin e partive politike, me te cilin partitë politike në vit në vend nga 0,06% do të fitojnë nga 0,15% nga Buxheti i shtetit. Rritje për 1.8 më 4.5 milion euro, respektivisht 2,7 milion euro më tepër. Me ndryshimet në Ligjin për financimin e partive politike parashihet edhe ajo se partitë do të mund të financohen edhe me kredi të tjera, ndërkaq do të mund të posedojnë edhe tokë, diçka që nuk ishte e lejuar me ligjin e vjetër.
Nga takimi i liderëve i mbajtur më 23 korrik / FOTO: Qeveria e RM-së
2.5 milion euro për mirëmbajtjen e higjienës në objektet shtetërore
Qeveria në shtator lidhi marrëveshje prej 454 milion denarë me dy kompani për mirëmbajtjen e higjienës dhe mirëmbajtjen rrjedhëse të objekteve të administratës shtetërore gjatë tre viteve të ardhshme. Kjo do të thotë se në nivel shtetëror për këtë qëllim do të shpenzojë nga 2.46 milion euro. Furnizimin publik e fituan kompanitë “BAPALL Bllagoj SHPKNJP” dhe “SERTA SHPKNJP”.
2,4 milion euro për kripë industriale
Ndërmarrja publike “Rrugët e Maqedonisë” ka furnizuar kripë industriale për mirëmbajtjen e rrugëve gjatë dimrit në shumë prej 2.43 milion euro. Marrëveshjen e ka fituar firma “Dimaks Miniera SHPKNJP” nga Sopotnica, ndërsa me këtë parashihet furnizimi i 15.000 ton kripë industriale gjatë fazës së parë dhe 6.500 tonë në varësi të shfrytëzimit.
Plus gjashtë Bonusë:
2.6 milion euro për punë ndërtimore zejtare dhe për instalime për mbajtjen e UEFA super kupës në Shkup
Marrëveshja është lidhur në shtator 2016 gjatë përbërjes së kaluar të Qeverisë, dhe prandaj e vendosëm në mesin e bonuseve. Marrëveshjen prej 2.64 milion euro e fitoi “Via Inzhiniering SHPK” nga Vevçani me porosi të SHA për Ndërtim dhe Ekonomizim me Hapësira Banesore dhe Afariste me Rendësi për Republikën për Punë Ndërtimore, Ndërtimore zejtare dhe Punët e Instalimit për sigurimin e kushteve për mbajtjen e UEFA Super Kupës në futboll në gusht 2017 në Arenën Nacionale Filipi II Maqedonas në Shkup.1.5 milion euro për bankënotat polimere
Banka Popullore e Republikës së Maqedonisë në shtator vitin e kaluar lidhi marrëveshje prej 89.6 milion denarë, ose pothuajse 1,5 milion euro me kompaninë Britanike „De La Rue International Limited“ për përpunimin e bankënotave polimere.
1.3 milion euro për procesin gjyqësor “Lagjja e Trimave”
Procesi gjyqësor “Lagjja e Trimave” ka kushtuar 1.3 milion euro kanë deklaruar nga gjykata para dy vjet. Shpenzimet e mëdha janë për shkak të angazhimit të njësive speciale të MPB për transport dhe asistencë, shpenzime për benzinë dhe kerozin, për fatura për ekspertizat, për përkthyes gjyqësor dhe për obduksionin e policëve të vrarë gjatë aksionit. Vitin e kaluar gjatë kumtimit të aktvendimit, mediat njoftuan se të dënuarit duhet të kompensojnë shpenzime në lartësi prej rreth 211 mijë euro.
1,3 milion euro për Fushatën për Referendumin
Në seancën nr. 84 të Qeverisë u vendos 80 milion denarë nga rezervat shtetërore të vihen në dispozicion të Kuvendit për realizimin e fushatës për Referendumin për marrëveshjen maqedonase – greke.
1 milion euro për sigurimin fizik të objekteve të administratës shtetërore
Qeveria para një muaj lidhi marrëveshje tre vjeçare për sigurimin fizik të objekteve të administratës shtetërore për pothuajse 189 milion denarë, diçka mbi 1 milion euro në vit për kompaninë “Nikob SHPK”. Me marrëveshjen, përpos Shërbimit për Punë të Përgjithshme dhe të Përbashkëta, Qeveria do të sigurojë edhe RTVM, objektin e ekspertizës gjyqësore, Byronë për Metrologji dhe 30 njësi rajonale të ministrive në mbarë Maqedoninë.470.000 euro për mirëmbajtjen e ndriçimit publik dhe orët e qyteteve
Qyteti Shkup para dy javë ka lidhur marrëveshje me kompaninë “Elektroizgradba SHPKNJP” me vlerë prej 35 milion denarë për mirëmbajtje një vjeçare të ndriçimit publik dhe orëve të qyteteve në kompetencë të qytetit dhe ndërtimi i aparateve të përkohshme.
*Shënim: Të gjitha çmimet nga furnizimet publike të cilat i përdorëm, janë përfshirë me TVSH të përllogaritur, ndërsa shndërrimi në euro është kryer sipas kursit 1 euro – 61.5 denarë.
***
Ndotja e ajrit në Maqedoni gjatë 24 orëve të fundit, për herë të parë këtë javë, është në suazat e kufijve të lejuar maksimal. Shtatë ditët e kaluara në të gjitha stacionet matëse në vend, ndotja e ajrit me PM – 10 grimcat e dëmshme, ka lëvizur ndërmjet dy deri në tre herë mbi kufirin maksimal të lejuar, ndërsa kulmi në disa vende arriti edhe deri në gjashtë herë mbi maksimumin e lejuar.
Sipas hulumtimit shkencor të Mirjana Dimovska dhe Dragan Gjorçev ekspertë të Institutit për Shëndet Publik dhe profesorët e Fakultetit të Mjekësisë pranë Universitetit “Shën Kirill dhe Metodij”, ndotja e ajrit është shkaktar i drejtpërdrejtë për 1.903 raste të vdekjes që ndodhin në moshë të re, në Maqedoni në nivel vjetor.
“Nëse vlerat kufitare harmonizohen me ato të Bashkimit Evropian, do të shpëtohen 908 jetë, ndërsa nëse arrihet niveli maksimal i rekomanduar nga Organizata Botërore Shëndetësore, do të shpëtohen 1.547 jetë”, thuhet në punimin e Dimovska dhe Gjorgjev.
Plani qeveritar, mbrëmë u kritikua nga O2 iniciativa për ajër të pastër, të cilët deklaruan se “janë të turpshme angazhimet dhe paraqitja e rrejshme e luftës kundër ndotjes së ajrit “.
Daniell Evrosimoski