Инфлуенсерите во Норвешка отсега со закон се задолжени да нагласат кога нивните слики на социјалните мрежи се обработени, пренесува „Индепендент“.
Новите регулативи на Министерството за деца и семејство на Норвешка се донесени како обид да се борат против нереалните стандарди за убавина.
На почетокот на овој месец, законот беше донесен со 72 пратенци кои гласаа „за“ и 15 гласаа „против“. Кралот на Норвешка ќе одлучи кога ќе стапи на сила.
Кога законот ќе се спроведе, тој ќе бара инфлуенсерите кои заработуваат од нивната содржина, да нагласат кога нивните фотографии се обработени.
Ова вклучува измени што се направени во големината на телото, обликот или кожата на субјектот, или бил користен филтер. Специфични примери вклучуваат зголемени усни, изменети мускули и стегнати струкови.
Сликите што биле обработени законски се задолжени да имаат етикета на нив дизајнирана од владата што го предупредува прегледувачот.
Огласувачите кои користат содржини на социјални мрежи за промотивни цели, исто така, ќе бидат засегнати од законот.
Покрај тоа, инфлуенсерите и познатите личности кои објавуваат на социјалните мрежи ќе бидат обврзани да ги почитуваат законските одредби доколку „добијат какво било плаќање или други поволности“ од објавите.