Мапирани се неправилностите на 92% од велосипедската мрежа во Скопје, испратени се 28 пријави за вело-недоследности до град Скопје, извозени беа и 12 критични маси со вкупно 3.725 учесници кои минаа со велосипед вкупно 125 километри. Ова е само дел од содржината на годишниот извештај на иницијативата НаТочак кој таа го претстави во форма на инфографик.
Својот годишен извештај ја сумира работата на неформалната група граѓани која беше фокусирана на градење институционална соработка со цел подобрување на состојбата на велосипедската инфраструктура и поддршка во организирирањето на Критичната маса во Скопје.
Иницијативата На Точак започна во април 2012 година од страна на група ентизијасти – точакољупци со цел да се подигне свеста за велосипедот како урбано превозно средство и да се издигне на ниво на рамноправен учесник во сообраќајот во Скопје.
Детална и проширена писмена верзија на годишниот извештај може да се прочита ТУКА.