Институтот за демократија „Социетас цивилис“ објави инфографик кој одговара на прашањето „Какви граѓански организации поддржуваат скопските општини?“.
Според инфографикот, дури 48 отсто од доделените проекти во општините во Град Скопје се поврзани со спортот.
Од ИДСЦС посочуваат дека со 48% застапеност, проектите поврзани со спортот заземаат 93% од доделените средства од скопските општини. Истовремено, наведено е и дека недостига финансирање на палета на организации кои се занимаваат со политички систем, корупција, човекови права и мониторинг на буџетските корисници.