[Инфографик] Како С. Македонија се справува со Ковид-19 во споредба со регионот?

Бројките на смртност од Ковид-19 во Северна Македонија се меѓу најлошите во регионот. Земјава се наоѓа на второ место според оваа категорија кога ќе се спореди со десетте земји од регионот.

Со 3,11% на починати од заразени лица, единствено полошо стои Косово, додека според бројките на починати лица на милион жители С. Македонија е подобра единствено од Црна Гора. Додека на секои 100 заразени лица во земјава просечно умираат по три лица, статистиката во Словенија пак покажува дека на секои 100 заразени умира само по едно лице.

Според заразени на милион жители С. Македонија е четврта најлоша во регионот, додека според направени тестови на милион жители се наоѓа на шестото место, зад Хрватска, а пред Бугарија.

Повеќе детали погледнете на инфографикот во продолжение:

Даниел Евросимоски