[Инфографик] Како Студентскиот парламент на УКИМ ги троши парите?

Студентски пленум на својата официјална Фејсбук страница објави сликовит приказ кој треба да покаже како Студентскиот парламент на УКИМ ги трошел парите на студентите за свои лични потреби. Сумите се изразени во денари, а се извадени од финанскиот извештај на СПУКМ за 2014/2015, кој Пленумот јавно го објави пред неколку дена.

Пленумци го обвинија СПУКМ дека трошеле огромни суми за забави и телефонски сметки, наместо да се солидаризираат со студентите во студентските домови, кои живеат во ужасни услови. Поранешниот претседател на студентската организација Кирил Спировски, пак, рече дека се манипулира со бројките и дека финансиските извештаи се усвоени според прописите на универзитетот.