Твитер неодамна беше тема во медиумите, главно поради неуспехот да ги достигне проектираните стапки на раст и недоволната иновација наспроти конкурентните мрежи како Фејсбук или Пинтерест. Но, оваа социјална мрежа и натаму е меѓу највлијателните, благодарејќи најмногу на начинот на кој таа функционира.
Во бројот на корисници кои до мрежата пристапуваат од својот мобилен уред, Твитер доминира над конкурентите, со 80 проценти од околу 302 милиони активни корисници. Еве преглед на најинтересните бројки за тоа колку и како корисниците од целиот свет го користат Твитер: