Интернетот денеска, разбирливо, има најголем обем на сообраќај досега, но колку од неговите корисници се лажни, автоматизирани кликови и посети, кои не се директно контролирани од луѓе? Поведени од редица лоши намери и причини, милијарди интернет кликови секој ден доаѓаат од ботови и софтвер за спамирање.
Социјалните мрежи секојдневно се борат со напливот на лажни профили, а спамерите постојано стануваат се подобри. Бројот на ботови пораснал за 21.5% во периодот 2012-2013, а лажните корисници на интернетот денеска заземаат дури 61.5% од светскиот онлајн сообраќај.