По 19 години од последниот попис во 2002 година, Северна Македонија конечно се попиша. Првите податоци од пописот во 2021 година покажаа дека во земјава има 185.834 лица помалку или -9.18% од населението.
Најголема промена може да се забележи во населението на Општина Гостивар каде има 21.272 помалку лица, па потоа следува Општина Струга со 12.396 помалку жители и Општина Битола со пад на населението од 10.221 лице.
Но, најголемата процентуална промена се забележува во Општина Центар Жупа каде има 43% помалку жители, Општина Маврово и Ростуше каде има 41% помалку, како и Општина Ново Село каде падот на населението е за 40 отсто.
Во меѓувреме, пораст на населението има во Општина Кичево кое сега брои 39.669 лица или 9.531 човек повеќе. Скопската Општина Аеродром исто така има зголемување на населението од 5.726 лица, како и Општина Кисела Вода – 4.729.
Истовремено, Кичево процентуално има пораст на населението од 32%, Студеничани 27%, како и Сопиште каде има 19% повеќе жители.
Повеќе во инфографикот кој го подготви Радио МОФ, на кој преку три мапи може да се погледне какво е населението по општини од пописот во 2021 година, каква е промената од пописот во 2002 година, како и неговата процентуална промена.
Мартин Колоски/Даниел Евросимоски