Инфографикот „Индекс на подобар живот“овозможува споредба на најценетите работи во различни држави, врз основа на 11 теми кои биле идентификувани како суштински во однос на материјалните услови за живот и квалитетот. Иницијативата за подобар живот на OECD континуирано собирала информации уште од 2011 година, а до денес има добиено над 60.000 одговори од повеќе од 180 земји.
Единаесетте понудени одговори на прашањето „Што е најважно за вас во животот“ биле : безбедност, дом, работа, приходи, рамнотежата работа-живот, задоволството, компјутери, образование, управување/власт, заедница, животна средина.
Веб сајтот „MoveHub.com“ користејќи ги одговорите го создал овој инфографик кој покажува што за луѓето од целиот свет е највисок приоритет. Во Европа, Велика Британија, Шведска, Германија, Финска и Полска како највисок приоритет е избрано задоволството од животот, додека во Русија, Норвешка, Исланд, Франција и Австрија на највисоко место е здравјето.
Кипар е единствената земја во Европа каде што луѓето го избрале балансот меѓу работата и семејството како највисок животен приоритет, додека пак жителите на Украина и Албанија го идентификувале приходот како најважна работа за нив.
Од инфографикот може да се види јасна разлика меѓу вредностите во Северна Америка каде САД, Канада и Мексико како приоритети ги избрале задоволството, здравјето и животната средина, и Јужна Америка каде скоро сите вклучувајќи ги и Бразил, Чиле, Парагвај и Аргентина се преокупирани со прашањето околу образованието. Перу го избира задоволството, Венецуела безбедноста, а во Гвајана сигурниот дом е највисоко рангиран приоритет.