Речиси 820.000 студенти од странство оваа учебна година студираат на универзитетите во Соединетите Американски Држави, што е најмногу во историјата. Во споредба со лани, бројот на студенти странци во САД се зголемил за 55.000. Еве уште некои податоци на оваа тема, од извештај на Американскиот институт за меѓународно образование:
Меѓу странските студенти во САД, најбројни се Кинезите (околу 236.000), а следуваат Индијците (98.000) и Јужнокорејците (74.000). Вкупно, половината од странските студенти во Америка се од овие три земји.
Калифорнија, Тексас и Њујорк се трите држави во кои има најмногу студенти од странство.
На Универзитетот на Јужна Калифорнија се запишани речиси 10.000 странски студенти.
Годинава на американските колеџи студираат 45.000 студенти од Саудиска Арабија, што е зголемување од над 30% во споредба со лани. Најголем дел од нив ги стипендира саудиската влада.
Според американското Министерство за финансии, интернационалните студенти внесуваат 24 милијарди долари во економијата на САД. Најголем дел од нив се финансираат од лични или семејни извори.
И покрај огромната бројка од скоро 820.000 странски студенти во САД, тие претставуваат само 4% од вкупниот број студенти во земјата, кој изнесува околу 21 милион.