Министерството за здравство обезбеди 12 возила за Итна медицинска помош, при што шест од нив ќе бидат распределени во Скопје, а за другите шест не се знае во кои градови.
Ниту деловникот за работа на Итната помош, ниту пак Министерството за здравство ги имаат дефинирано критериумите според кои се распределуваат возилата низ градовите. Од друга страна, постои значајна разлика во бројот на амбулантни возила по глава на жител што ги имаат другите градови пренесува „Порталб.мк“.
Министерот за здравство, Венко Филипче изјави дека возилата ќе бидат распоредени таму каде што е потребно, но не наведе како ќе се дефинираат „потреби на градовите“, бидејќи со Правилникот не се предвидува такво нешто.
Во Скопје со над 800 илјади жители во служба се 13 возила, во Кочани со над 38 илјади жители има 10 возила. Кичево има над 52 илјади жители, што е повеќе од Кочани, но има само четири возила на Итна помош. Меѓу поголемите градови се Гостивар и Струмица, но тие имаат само по две возила, иако тие имаат само по три илјади жители помалку од Кочани.