На седмите локални избори во земјава кои се одржаа пред два дена се бираа градоначалници и советници за 80 општини и градот Скопје. Оттука, со излезност од 49.22%, скопјани одлучија да им доверат 45 советнички места во Советот на Град Скопје на 7 советнички листи.
Најмногу советници освои партијата ВМРО-ДПМНЕ, која овие четири години ќе настапува со 17 советници, а веднаш по нив се 12-те советници на СДСМ.
Во следните четири години во работата на советот ќе учествуваат и партиите ДУИ со 6 советници, Левица со 4 советници, како и 2 советници на коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, Движењето Одлучно за промени и независната листа Зелен Хуман Град.
Радио МОФ подготви интерактивен инфографик на кој може да се погледнат мандатите во советот на градот од трите последни локални избори.
Инаку, иако советот веќе се формираше, на 31 октомври скопјани повторно ќе треба да гласаат. Овој пат, само за градоначалници, каде ќе треба да одлучат меѓу кандидатите за градоначалници на СДСМ Петре Шилегов и независната кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска.
Мартин Колоски