Над 4.300 легла ширум студентските домови во Северна Македонија ќе бидат достапни за учебната 2023/2024 година.
Студентите оваа учебна година ќе имаат можност да се сместат во некои од државните или приватните студентски домови во во Скопје, Битола, Охрид, Прилеп и Штип, кои располагаат со различни сместувачки капацитети и различни цени.
Со цел студентите да имаат повеќе време да донесат одлука, како и да добијат појасен преглед што нудат студентските домови низ земјава, Радио МОФ подготви инфографик со бројот на достапни легла, цените за сместување и видот на соби, пред да се објави конкурсот за прием на студенти во студентските домови, кој обично секоја година се објавува во текот на месец јули.
Мартин Колоски