Дваесет и четири категории прехранбени производи, според одлука на Владата веќе треба да се продаваат во маркетите по цените што ги имале на 1 август, односно нивната референтна цена треба да е дополнително намалена за минимум 10 отсто.
Одлуката е предвидено да биде на сила до 30 ноември, а со неа надлежните очекуваат да се намали инфлацијата на храната за 4 до 5% до крајот на годинава. Прехранбените производи кои влегуваат во листата на Владата сега во маркетите се означени со црвена назнака на која пишува „гарантирана цена“.
Радио МОФ посети еден ист маркет за да провериме колку некои од овие производи чинеа завчера (19 септември), а која беше нивната цена вчера (20 септември).
Погледнете подетално во инфографикот подолу.
Инаку, сите производи кои се опфатени со одлуката се:
- ориз бел, во пакување од 900 g до 1 кг;
- брашно пченично тип 400 и тип 500;
- бел и полубел леб, векна, индустриски тип 450 гр (цел и на парчиња), со
исклучок на свежо печен леб во маркетите; - други пекарски производи;
- бисквити „Petit Beurre” и бисквити обични и посни од 300 до 500 гр;
- наполитанки, со фил од какао крем (обични, непрелиени) од 300 до 500 гр;
- тестенини (макарони и шпагети од тврда пченица обични) без и со јајца од
500 гр; - јунешко месо без коски, од бут или некој друг дел;
- свинско месо без коски, од бут или некој друг дел;
- мелено месо свинско и јунешко;
- пиле свежо или замрзнато (цело);
- пилешки стек свеж или замрзнат;
- чаен колбас (јунешки, свински и говедски) без додатоци и без слајс
пакување; - пилешка посебна салама (без слајс пакување);
- паштета од џигер и пилешка (без додатоци) во пакување од 95 и 100 гр;
- трајно кравјо млеко (освен органско млеко и млеко со додатоци) со
масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, во пакување од 1 л; - јогурт од кравјо млеко обичен (без додатоци) со масленост од 2,8% до 3,2%,
во пакување од 1 л и 1,5 л; - кисело кравјо млеко (обично, без додатоци) со масленост од 2,8% и 3,2%,
во пакување од 300 до 500 гр; - павлака од кравјо млеко со масленост од 12% до 20%, во пакување од 180
или 200 гр ; - традиционално кравјо бело сирење и мешано бело сирење (без додатоци);
- традиционален кравји и мешан кашкавал (без додатоци);
- свежи јајца од кокошка;
- свежо овошје и
- свеж зеленчук.
Мартин Колоски