Пред неколку денa, по повод одбележувањето на државниот празник 11 октомври, Паркот на револуцијата беше збогатен со нова содржина – Инфоцентар, со цел промоција и развој на туризмот во Прилеп, односно да им понуди помош и услуги на домашните и странските туристи кои доаѓаат во градот.
Инфоцентарот е проект на Владата на Р.Македонија, а локацијата, како што беше потенцирано на празникот била избрана поради фреквентноста и посетеноста на Паркот на револуцијата.
И покрај тоа, Инфоцентарот денеска остана под клуч. Засега нема информации зошто е затворен објектот.
Локалната самоуправа бавно ги реализира предвидените проекти што според најавите одамна требаше да бидат завршени во Паркот на револуцијата. Еден од тие проекти е изградбата на скејт-парк пред спортската сала „Македонија“. И по 10 месеци, на површина од 1331 м2 предвидена за реализација на овој проект, се простира празна ливада.
Скејт-паркот требаше да биде готов уште пред неколку месеци, но сѐ уште нема никакви активности во врска со реализацијата на овој проект.
А.Ш.