Иницијатива: Ластиче за стотче од кај чичко Драги

Група граѓани организираат хуманитарна иницијатива со која би му помогнале на чичко Драги, продавачот на ластичиња за коса на „Рекорд“. Тој е познат по тоа што ги нахрани и им помога на голем број улични кучиња, и покрај тоа што самиот е во лоша економска состојба.

Акцијата „Ластиче за стотче“ ќе биде во сабота од 11 часот кога се очекува да се соберат граѓани и да купат ластиче или штипка по симболична цена од 100 денари, или пак, кој колку сака и може да си дозволи.

„Поентата е да му покажеме на чичко Драги дека не е незабележан на скопските улици, и дека постојат луѓе што ја ценат и се восхитуваат на неговата посветеност на уличните кучиња. Доколку акцијата е успешна, се надевам ова ќе прерасне во традиција. Кој сака може да донира и сува храна за кучињата, но секако добредојдени се секакви предлози“, стои во Фејсбук настанот.