Над 6.000 граѓани досега се потпишале на иницијативата за законски измени со кои треба да им се олесни животот на лицата со посебни потреби. За да влезе оваа иницијатива во процедура во Собрание потребни се вкупно 10.000 потписи, објави sdk.mk.
Потписи се собираат во Скопје, но и на Широк сокак во Битола и на плоштадот во Штип. Од утре се очекува иницијативата да може да се поддржи и од плоштадите на Тетово, Гостивар, Охрид, Струга, Куманово, Струмица, Гевгелија…
Симбилично, собирањето потписи во овие градови би започнало во пет минути до 12 часот и ќе трае до 17 часот.
Инаку, од четвртокот до саботата во паркот „Жена борец“ кампуваа лица со посебни потреби и нивните семејства. Ваквиот протест, односно здружена реакција ја поддржаа повеќе организации од Штип и Скопје, кои се револтирани од односот на државата кон овие лица, па решија да го привлечат вниманието и јасно да ги претстават нивните барања на јавноста и институциите. Рекоа дека не се нови и непознати, но често се заборавени и игнорирани. Поради тоа, најавија дека секој месец по два дена ќе спијат во паркот.
[Галерија] „Што после нас?“ – родители и деца со посебни потреби кампуваат пред Собрание